Џим Парсонс откри дали е заинтересиран за враќање во „The Big Bang Theory“

Точка

15/10/2024

18:07

2.117

Големина на фонт

а а а

Џим Парсонс, ѕвездата на познатата серија Теоријата на големиот пукот („The Big Bang Theory“), во неодамнешно интервју откри дали би сакал да се врати во серијата доколку нејзино продолжение.


Серијата „Теоријата на големиот пукот“ се емитуваше од 2007 до 2019 година, а на Парсонс му донесе четири Еми награди и еден Златен глобус. Актерот во серијата го глумеше физичарот Шелдон Купер, кој живее во градот Пасадена во Калифорнија, а неговото друштво беше составено од: Леонард Хофстатер („Johnny Galecki“), Хауард Воловиц („Simon Helberg“), Раџ Кутерпали („Kunal Nayyar“), Пени („Kaley Cuoco“), Бернадет Ростенковски („Melissa Rauch“) и девојката на Шелдон, Ејми Фарах Фовлер („Mayim Bialik“).


Ликот на Шелдон Купер беше толку популарен што Теоријата на големиот пукот во 2017 година, доби „spin – off“ за детството на Шелдон, наречено „Young Sheldon“, а Парсонс се појави во последната епизода на овој серијал, којашто беше прикажана во мај оваа година.


Пред емитувањето на последната епизода, познатиот актер гостуваше во емисијата „Who’s Talking to Chris Wallace?“, во текот на која водителот го праша дали е заинтересиран за враќање во серијата која му донесе светска популарност, а актерот ја изненади публиката со својот одговор.

„Како што стојат работите сега, не. Но, јас никогаш не велам никогаш, бидејќи знам колку животот може да се смени“, објасни Парсонс. „Работата е во тоа што таа серија беше толку посебна таква каква што е, и со причина велат дека таа е вистинска скапоценост. Зошто да снимаме „reboot“ кога сме сигурни дека тој нема да биде подеднакво успешен?“, додаде Парсонс.