Аватари ѝ помагаат на Украина во текот на војната да им понуди витални услуги на граѓаните

Точка

15/10/2024

14:16

673

Големина на фонт

а а а

Владата на Украина која е под голем притисок поради војната со Русија, почна со употреба на „AI“ генерирани аватари, а тие им помагаат на украинските граѓани да со клучните општествени услуги.

Аватарите се појавуваат во видеозаписи генерирани со помош на вештачка интелигенција, со цел брзо, широко и економичен споделување на информации за ново започнатата онлајн – платформа. Таа им овозможува на граѓаните пристап кон пензиските програми, надоместоци за невработени, помош за домување, здравствена заштита, помош за самохрани мајки и други социјални услуги. Овие аватари се дел од владиниот напор за проширување на дигиталните услуги.


„Граѓаните кои живеат на привремено окупираните територии можеби немаат физички пристап до локалните канцеларии за социјална заштита“, изјави Константин Кошеленко, заменик министер за социјална политика на Украина задолжен за дигитален развој, дигитална трансформација и дигитализација, по пат на е – пошта. „Тука станува пресудно постоењето на можноста од поднесување на барања за социјална заштита по пат на интернетот“, додаде тој.

Ада секогаш љубезна

Сите граѓани не ги употребуваат социјалните бенефити онлајн, и тука настапуваат видеозаписите. Во еден од нив се појавува Ада, љубезен аватар со руса коса, облечена во сина кошула. Таа објаснува како луѓето можат да ја користат новата платформа, како можат да креираат профил, да поднесат барање за бенефиции и да стапат во контакт со социјалните работници.


Министерството го снимило ова видео користејќи платформа на компанијата „Synthesia“. „Synthesia“ е основана во 2017 година во Лондон, која му овозможи бесплатен пристап до нејзината платформа на Министерството за социјална политика на Украина. Таа вклучува и библиотека со повеќе од 230 „AI“ аватари кои припаѓаат на различни старосни групи. Аватарите можат да имаат „AI“ генерирани гласови од базата на повеќе од 140 гласови. Тие зборуваат различни јазици и пренесуваат тонови коишто компанијата ги опишува како „весели“, „лесни“, „нежни“, „остри“ и „зрели“.

Шаблони за видеоснимки

„Synthesia“ платформата, која честопати ја употребуваат компании за видеоснимки за ориентација и обука, содржи алатки за средување на видеа и видео шаблони. „Synthesia“ видеото може да биде потполно генерирано со помош на вештачка интелигенција. Некои делови од видеото можат рачно да се изменат за да се додадат слики или видеоматеријали кои корисниците ги посакуваат.

Со оглед на тоа дека војната во Украина започна во февруари 2022 година, Министерството за социјална политика нема време одново да снима видеозаписи секој пат кога има потреба од измени. Тоа го изјави Александру Воика, директорот за корпоративни работи и политика во Синтесија. Министерството исто така нема финансиски средства за ангажирање на професионални монтажери на видеа или за скапа опрема, како што се висококвалитетни камери и студија за снимање.


Меѓутоа и покрај тоа Министерството сакаше да креира кавалитетни видеозаписи кои веројатно ќе привлечат повеќе внимание отколку текстовите.

„Граѓаните подобро реагираат на овој формат и лесно го „консумираат“ по пат на социјалните мрежи како што се Инстаграм или Фејсбук“, изјави Воика. „Луѓето се природно програмирани да посветуваат внимание кога некој зборува – проверете ја која било модерна платформа за споделување на видеосодржини и ќе забележите дека повеќе од 90% од видеозаписите вклучуваат одредена личност“, додаде тој.

Партнерството помеѓу компанијата „Synthesia“ и Министерството за социјална политика на Украина започна во мај и до сега резултираше со околу 10 видеозаписи, вклучувајќи и неколку кои во текот на летото понудиле обука на 20.000 професионалци од областа на социјалните услуги. Јегор Черкун, вработен во министерството изјави дека очекува „многу повеќе видеозаписи“ кои ќе произлезат од оваа соработка.

„Нашата цел е да го направиме поедноставен процесот за граѓаните за тие да добијат социјална поддршка на којашто имаат право“, додаде тој, пренесува „Форбс“.

„AI“ портпаролка

Ова не е прв пат украинската влада да употребува „AI“ генерирани аватари со цел да допре до пошироката јавност.


Во мај, Министерството за надворешни работи на земјата именуваше „AI“ генерирана портпаролка, првенствено со цел да ги ослободи дипломатите во текот на војната. Нејзиното име е Викторија Ши, коешто како што вели таа, ја симболизира главната цел на земјата – „победа на Украина“. Нејзиното презиме е кратенка од зборот „shtuchniy intelekt“, којшто на украински означува вештачка интелигенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг