Ѕвездата на платформата „OnlyFans“ открива дека го продала својот „лик“ на вештачка интелигенција за да си го ослободи времето и да биде во тек со безброј барања од обожавателите.
Клои Амур од Лас Вегас, со години настапува во индустријата за забава за возрасни на платформата „OnlyFans“. Сепак, следењето на барањата на обожавателите и постојаното ангажирање со нив, додека одржува успешна кариера во овој сектор од индустријата, набрзо станало голем предизвик.
Таа за „Daily Mail“ изјавила дека не може секогаш и во секое време да ги задоволи барањата на своите обожаватели, па решила да имплементира иновативно решение.
Таа создаде виртуелно алтер его, со помош на вештачка интелигенција, кое за неа комуницира со публиката кога нејзините обврски се згуснуваат.
„Кога разговарам директно со моите обожаватели, понекогаш има работи за кои сакаат да разговараат со мене, или има работи што ги сакаат од мене што можеби не можам да им ги дадам. Но, преку вештачката интелигенција, тие на располагање имаат ист карактер како мојот и на некој начин можам да бидам каква што тие сакаат да бидам“, вели ѕвездата на „OnlyFans“.
Таа одлучила да создаде верзија со вештачка интелигенција од себе, откако идејата и била предложена од компанија која и платила за нејзините фотографии, видеа и лични податоци.
Сепак, Клои вели дека вештачката интелигенција понекогаш и изгледа „страшна и чудна“, но добрите работи за многу ги надминуваат сите недостатоци и таа може да управува со своето време и да го отстрани притисокот од нејзината работа.