Мистериозна статуа слична на вонземјани е откриена во населба стара 7.000 години во Кувајт.
Археолозите ја пронајдоа мистериозната фигура на локацијата Бахра 1 во Кувајт и ја опишаа како „статуа со издолжен череп, коси очи и рамен нос, донекаде налик на вонземјанин или капа од франшизата за Хари Потер“.
Колку и да изгледа чудно, таквите фигури биле вообичаени во античка Месопотамија, иако ова е прв пат да се најде во Кувајт или во Арапскиот Залив.
Археолозите кои го откриле го опишале како „целосна сензација“.
Old A(s)F(ossil): 7,000-year-old clay figurine leaves tantalizing glimmer of hope for UFO enthusiasts
— RT (@RT_com) December 23, 2024
Before you reach for your tinfoil hat, experts suggest the elongated cranium likely reflects ancient head-shaping practices – status symbols of the Stone Age elite pic.twitter.com/n1rIfJ9ozx
„Откривањето на фигурата беше целосно изненадување за целиот тим“, изјави лидерот на експедицијата Агњешка Шимчак за "Live Science", додавајќи:
„Тоа беше првата ваква фигура меѓу повеќе од 1.500 фигури ископани не само на локацијата Бахра 1, туку и од регионот на Арапскиот Залив.
Археолозите исто така истакнаа дека фигурата е изработена од глина од Месопотамија, а не од груба црвена керамика што обично се наоѓа низ Арапскиот Залив.
Кувајтско-полскиот тим ископувал една од најстарите населби на Арапскиот Полуостров (околу 5500-4900 п.н.е.).
एलियन के अस्तित्व पर फिर उठे सवाल, कुवैत में मिली 7000 साल पुरानी क्ले की मूर्ति #Kuwait #WorldNews #Viral #IndiaNews pic.twitter.com/aiXI4j4XK0
— India News (@NetworkItv) December 20, 2024
Археолозите истакнаа дека иако наодот е типичен за фигури од неолитската заедница Убаид, тој е прв од ваков вид откриен во регионот на Заливот.
„Присуството на оваа фигура на нашата локација отвора интригантни прашања за нејзината цел и симболичкото, а можеби и ритуалното значење, кое можеби го имала за заедницата што ги населувала овие простори“, изјавил за "Daily Mail" професорот Пјотр Биелински од Универзитетот во Варшава.
За што служела фигурата сè уште не е познато, иако некои истражувачи веруваат дека тоа би можело да претставува древен модел за „обликување на глави“ што го користела заедницата Убаид, која живеела во областа на Арапскиот Залив околу 5000 (или 5500) до 4000 п.н.е.