Европска престолнина прогласена за „град на годината“: Има сè што посакуваат туристите

Точка

09/10/2024

18:19

26.770

Големина на фонт

а а а

Одредени градови се познати по својата живописна културна сцена, додека други се познати по местата за ноќен живот, некои можат да се пофалат со добра храна, а други со преубави улици и населби.


Меѓутоа постои еден град кој го поседува сето ова, од кафулиња до ноќни клубови, жива музика и уметност, па токму поради тоа прогласен е за „град на годината“ од страна на списанието „Food and Travel“, а станува збор за германскиот град Берлин.


Секоја година списанието ја доделува оваа титула на еден град, а врз база на неговата културна и кулинарска разновидност. Инаку германската престолнина победи во конкуренцијата со Бордо, Кејптаун, Дубровник, Џирона, Сеул, Сиднеј, Токио и Цирих.


„Воодушевени сме поради признанието кое му е доделено на Берлин. Ова е доказ дека сега храната стана вистинска причина за патувања“, изјави Буркард Кикер, портпаролот на „Visit Berlin“, пренесува „The Berliner“.


Неодамна беше споделена веста, дека и покрај сумата од 947 милиони евра која била вложена во културната сцена на Берлин, светски познатите места за ноќен живот во градот сè уште се борат со промените настанати по ковид – 19 пандемијата, а последната нејзина жртва беше култниот Вотергејт – берлинскиот центар на ноќниот живот.


Од невообичаени места, одлични барови, ноќни клубови и места за жива музика, бројни ресторани, атракции и музеи, германската престолнина има апсолутно сè што можете да посакате од одмор во еден град.