Манчестер Јунајтед оди на репрезентативна пауза во навистина лошо расположение, бидејќи тимот на Ерик Тен Хаг е 14-ти на табелата во Премиер лигата, со биланс од четири реми средби и еден пораз на последните пет меча.
Англиските медиуми информираат дека Тен Хаг најверојатно ќе ја преживее двенеделната пауза поради двете реми изданија против Порто и Астон Вила, но ако се суди според тоа што се гледа на теренот, малку веројатно е дека Холанѓанецот ќе биде долгорочно решение.
Пол Сколс направи интересна анализа и испорача низа факти кои го прават проектот на актуелниот менаџер целосно конфузен, но истото важи и го мисли и за луѓето кои се погоре во хиерархијата поради тоа што дозволија толку лош летен преоден рок.
– Мислам дека е евидентно дека ни недостасува квалитет во нападот, едноставно не гледам квалитет во тоа поле. Сите добри тимови се способни да постигнуваат голови, а Јунајтед постигна само пет гола на седум меча во Премиер лигата. Наместо еден врвен фудбалер, сега во тимот има тројца или четворица играчи кои би требале да даваат по 20 гола, што прави вкупно 80. Искрено, не гледам таков квалитет во нападот на Јунајтед.
– Хојлунд е добар играч, но дали ќе даде 20 гола? Мислам дека не! Што да се каже за Зиркзе…. Да бидам искрен, не ни знам што игра. не знам дали е 9-ка, или 10-ка. И тој не е играч кој ќе даде 20 гола во една сезона. Јунајтед како клуб почна да се потпира на надеж, а не на докажан квалитет. Смешно е дека се потрошија премногу пари за играчи, а дел од нив не се ниту во тимот.
– Сите мислевме дека Угарте доаѓа во тимот за да го промени средниот ред, а сега тој не ни игра. Де Лихт чинеше 50 милиони, а и тој не игра. Еден Џони Еванс на 36 години доби шанса пред него. Истото важи и за Лисандро Мартинез кој остана на клупа против Астон Вила. Не знам што мисли тренерот со тоа, се ова изгледа на еден целосен хаос кога е во прашање регрутирањето на играчи. Навистина не изгледа добро за имиџот на Јунајтед, – вели Сколс.