Енди Керол ја отвори душата: „Сексуално ме злоставуваше познат пријател, се плашев да кажам“

Точка

24/09/2026

16:43

390

Големина на фонт

а а а

Енди Керол во својата автобиографија открива трауматично искуство со сексуално насилство што го доживеал од страна на познат пријател.

Прославениот англиски фудбалер Енди Керол ја објави својата автобиографија „Owning It“ (Преземање одговорност), која веќе предизвика бројни контроверзии, откако во неа откри дека пред неколку години доживеал сексуално насилство од страна на познат пријател, кој подоцна бил осуден на три години затвор.

Поранешниот голгетер на репрезентацијата на Англија го опишал трауматичниот напад кој не можел да го заборави, како и „понижувачкото и ужасно“ судење што следувало. Инаку, во последен момент одлучил детално да го опише тој инцидент, во договор со издавачот.


„Постојат и други работи кои би сакал да ги заборавам, но не можам. Пред неколку години ми се случи нешто толку трауматично што дури во последен момент одлучив да го вклучам во оваа книга“, напишал Енди Керол: „Бев сексуално нападнат. Ете, го кажав тоа. Дури и самата помисла на тоа е застрашувачка, а досега само неколку луѓе знаеја за тоа“.

Енди Керол објаснил дека инцидентот се случил една вечер откако одиграл натпревар за Њукасл јунајтед, кога „познат пријател“ на неговата тогашна партнерка самиот се поканил кај нив за заедно да гледаат боксерски меч.


Керол напишал дека за време на нивното дружење се чувствувал непријатно, па порано заминал во кревет. Се сеќава дека по неколку пијалаци му се изгубило сеќавањето, а потоа го разбудил мажот кој сакал сексуално да го злоставува.

Енди изјавил дека го исфрлил од куќата и „го удрил најсилно што можел“, по што повикал полиција, а потоа „плачел во прегратките на дадилката на своите деца“. Напаѓачот подоцна бил прогласен за виновен за сексуални престапи и осуден на три години затвор. Бил внесен во регистарот на сексуални престапници и му било забрането да влегува во местото во кое живеел Енди.


Кој е Енди Керол?

Енди Керол денес има 37 години и игра за нисколигашот Дагенам и Редбриџ, каде што е и тренер, а во текот на кариерата најдлабока трага остави во Њукасл јунајтед. Дебитираше како тинејџер и постигна 31 гол на 80 настапи, пред да премине во Ливерпул – како директна замена за Фернандо Торес, кој замина во Челси. На крајот постигна само шест гола за „црвените“, а потоа настапуваше за Вест Хем, повторно за Њукасл, Рединг, ВБА, Амиен, Бордо …