[ВИДЕО] Израелски напаѓач „пукаше проектили“, па заработи црвен картон поради контроверзната прослава

Дерби

25/09/2026

07:10

364

Големина на фонт

а а а

Австрија и Израел одиграа натпревар од Б сегментот во Лигата на нации, а победата на домашната селекција беше олеснета поради еден потег кој го промени текот на средбата.

Израел се врати во игра со голот на Сајед Абу Фарки на стартот на вториот дел и израмни на 1:1, но кога се доби впечаток дека може да се надева на победа, следеше непотребен потег од напаѓачот.

Стрелецот на голот се занесе и режираше контроверзна прослава при која го искористи и корнер знаменцето, а фактот што заличи дека имитира испукување на проектили, беше доволна причина за судијата да му покаже исклучување.


Абу Фарки веќе беше опоменат од претходно, па вториот жолт картон значеше дека натпреварот завршува за него веднаш по постигнатиот гол.

До крајот, Австрија ја искористи предноста од играч повеќе на теренот и победи со 3:1.