Нефер селекција ја остава Македонија без претставник на ЕП во кајак на диви води?

Дерби

25/09/2026

13:17

199

Големина на фонт

а а а

Европското првенство во кајак на диви води ќе се одржи претстојниот викенд во Ивреа, Италија, но како што стојат работите, Македонија после долго време нема да биде дел од еден континентален собир.

Првенството во слалом на диви води ќе се одржи од 24-ти до 26-ти септември во италијанскиот град која има долга традиција со кајакарството, па иако Македонија во минатото се истакна како еден од редовните учесници на овие собири, годинава нема да гледаме наши претставници.

Министерството за спорт исплати финансиски средства за овој настан како планирана ставка од годишниот буџет, меѓу новото раковдоство на кајакарската Федерација процени дека нема доволно квалитетни кајакари за да се натпреваруваат на највисоко ниво, особено во ситуација кога Ангел Петрушев е повреден.

Кристијан Смилев и Стефан Рибарски се оценети како недоволно квалитетни за настап на ЕП, а според Роберт Папазов, тоа е само поселдица на нефер селекцијата која ја прави новата гарнитура во Федерацијата.

– Дека новото раководство ги дели кајакарите на омилени и неомилени ( може наши и ваши) покажува и неодамна поднесената листа за стипендисти „Спортска надеж“ каде тројцата најдобри кајакари во спринт на мирна вода нема да добијат стипендии, а ќе добијат четврто, петто и шесто пласираните, што претставува невиден преседан од кога постои оваа програма.

– Исто така на неодамна одржаното Европско јуниорско првенство во кајак слалом во Епинал, Франција, на повеќето ( омилените ) кајакари им беа исплатени трошоците за патување и настап освен на најдобриот јуниор Кристијан Смилев, (единствен кој се пласира во полуфиналето на европското јуниорско првенство) не му беа исплатени трошоците за патување и настап ( бидејќи е неомилен). За ваквото самоволно и дрско однесување на новото раководство на КФСМ решение ќе се бара низ органите на КФСМ или спортските институции, но сепак добро е да биде запознаена и спортската јавност бидејќи вака ги губиме најдобрите кајакари, – вели Роберт Папазов како поранешен претседател на КФСМ.