Филмот „Rust“ премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал следниот месец, три години откако снимателката Халина Хатчинс беше убиена во текот на снимањето.
Светската премиера ќе се случи на „EnergaCAMERIMAGE“ фестивал во Полска на 23 ноември, заедно со панел-дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуса, кој исто така беше повреден на снимањето.
„Снимателите ќе разговараат за настаните поврзани со филмот, нудејќи увид во продолжението од продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на уметничката визија на Хатчинс, беше навистина важно за филмските креатори, со надеж дека ќе ја исполнат својата должност за довршување на нејзината работа“, пишува во најавата за проекцијата.
The movie “Rust,” which has become synonymous with the fatal shooting of its cinematographer on set in 2021, will be screened publicly for the first time in November at a film festival in Poland devoted to cinematography. https://t.co/AixtzxV1NN
— New York Times Arts (@nytimesarts) October 3, 2024
Хатчинс (42) беше убиена од пиштолот со кој управуваше актерот и продуцент Алек Балдвин, а којшто наместо лажни имал вистински куршуми. То беше обвинет за убиствено од небрежност, и се изјасни дека не е виновен, а случајот беше отфрлен во јули поради немањето доволно докази.
Хана Гуриерез Рид, која беше задолжена за огненото оружје на филмскиот сет, осудена е за убиство од небрежност во март, и отслужува казна од 18 месеци.
Филмот „Rust“ се фокусира врз приказната на 13 годишно момче кое е оставено да се грижи за себеси и својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг во 1880-тите години, кој подоцна заминува во бегство со својот дедо откако бил осуден на бесење, поради случајно убиство на локалниот сточар.
Инаку, Балдвин нема да присуствува на проекцијата, пренесува „The Hollywood Reporter“.
Сопругот на Хатчинс имаше поднесено тужба против Балдвин и останатите вклучени во проекцијата на филмот, меѓутоа минатата година тие постигнаа договор чиишто детали не открија.