Поранешната водителка Венди Вилијамс за прв пат беше забележана во јавноста откако беше прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна. Таа беше снимена на Меѓународниот универзитет во Флорида каде нејзиниот син Кевин Хантер Џуниор дипломирал.
Таа сега се движи со помош на инвалидска количка, а на фотографиите изгледаше расположено додека разговараше со другите родители. На оваа церемонија присуствуваше и нејзиниот татко Томас Вилијамс.
Wendy Williams made a rare public outing to watch her son, Kevin Hunter Jr., graduate from college. https://t.co/ujcTiGRClj 📸: @BackgridUS pic.twitter.com/ADszHgcejV
— Page Six (@PageSix) December 20, 2024
Венди го доби Кевин во 2000 година со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Хантер, а се разведоа во 2019 година, откако таа откри дека тој има дете со друга жена, и разводот беше финализиран во 2020 година.
Како што веќе е познато, на Венди минатата година ѝ била дијагностицирана примарна агресивна афазија и фронтотемпорална деменција. Инаку афазијата влијае врз комуникациските вештини на личноста, додека фронтотемпоралната деменција (FTD), прогресивното нарушување, влијае врз однесувањето и когнитивната функција.
Според судските документи објавени од „USA Today“, нејзиниот старател, Сабрина Морисеј, испратила допис до судот на почетокот од овој месец во кој ја наведува гореспоменатата дијагноза.