[ФОТО/ВИДЕО] Застрашувачки снимки од бомбардирањето на либанската престолнина. Крвава ноќ во Бејрут

Точка

04/10/2024

18:14

1.896

Големина на фонт

а а а

Во синоќешниот напад на израелската авијација на Бејрут, цел на нападот бил потенцијалниот наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах.

Израелски воени авиони ги нападнаа разузнавачките и комуникациските локации на Хезболах во Бејрут



Извор близок до Хезболах изјави дека Израел извршил 11 последователни напади врз јужните предградија на Бејрут.

Фотографиите кои можете да ги видите подолу се направени за време на израелскиот напад.

Израелската армија ги предупреди луѓето во јужен Либан  да се евакуираат надвор од тампон зоната прогласена од Обединетите нации.

Притоа, Тел Авив сигнализираше дека може да ја прошири копнената офанзива започната претходно оваа недела против милитантната група Хезболах.

Во меѓувреме, војската, исто така, соопшти дека биле погодени околу 200 цели на Хезболах низ Либан, вклучително и складишта за оружје и набљудувачки пунктови.

Конфликтите во Либан досега принудија 1,2 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг