„G7“ земјите воспоставуваат специјални полициски единици за борба против илегалните миграции

Точка

05/10/2024

18:38

1.692

Големина на фонт

а а а

„G7“ земјите ќе воспостават специјализирани, полициски единици за истражување на трговијата со мигрантите, соопшти италијанскиот министер за внатрешни работи, како дел од напорите за решавање на проблемот со незаконски миграции.

Матео Пиантедоси ја најави оваа иницијатива на крајот од тридневниот состанок на министрите за внатрешни работи на „G7“ земјите, којшто исто така се фокусираше и врз заканите кои произлегуваат од конфликтите на Блискиот исток и Украина.


„Акциониот план предвидува јакнење на истражните и оперативните капацитети на полициските сили, вклучувајќи го започнувањето на заеднички акции“, изјави Пиантедоси.

„Едногласно повторивме дека уништувањето на картелот за трговија со луѓе е наш приоритет“, додаде тој.


Десничарската влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претседава со „G7“ за 2024 година, бара соработка со Европската унија и африканските влади во борбата против трговците со луѓе.

Новиот акциски план ја потенцира потребата за потесна соработка помеѓу „G7“ државите и земјите на потекло и транзит на нерегулираните миграциски текови.

„Членките на „G7“ треба да создадат единици за спроведување на закони специјализирани за злосторства и истрага на шверцувањето мигранти и трговија со луѓе, доколку тие не постојат“, соопштија „G7“ во заедничка изјава.


Мелони минатата година потпиша договор со Албанија, за изградба на прифатни кампови, како дел од напорите за демотивирање на мигрантите од опасните морски патувања насочени кон Италија.

Пиантедоси изјави дека камповите ќе бидат ставени во функција во наредните недели, додавајќи дека италијанската иницијатива во Албанија беше една од темите за кои се разговараше на состанокот на „G7“.

„Тоа е решение на кое сите гледаат со голем интерес“, додаде тој.

„G7“ го сочинуваат: САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг