Ветувањата на Си Џинпинг за „повторно обединување“ со Тајван, по повод седумдесет и петтата годишнина на комунистичка Кина

Точка

02/10/2024

20:31

903

Големина на фонт

а а а

Кинескиот претседател Си Џинпинг вели дека никакви предизвици не можат да ја спречат земјата во нејзиниот напредок, и повторно ги повтори целите на Пекинг за обединување на Кина со Тајван. Тој одржа говор на приемот, по повод седумдесет и петата годишнина на Народна Република Кина, која беше основана на први октомври 1949 година.

Си исто така повика на спротивставување на „сепаратистичките активности“ на поддржувачите на тајванската независност, и го повика населението да се потпре врз Комунистичката партија на Кина (КПК) и на нејзината.


Овогодишното одбележување на роденденот на Народната Република Кина беше поскромно во однос на прославите од изминатите години, што е показател на тоа дека властите се обидуваат да ги одбегнат луксузните церемонии, во време кога Кинезите се под финансиски притисок, пишуваат светските медиуми.

Повик на „повторно обединување“

Во својот говор по повод прославата на седумдесет и пет години – Народна Република Кина, Си ги повтори плановите за анексија на Тајван, кој тој ги нарекува „повторно обединување“, и повика на повика на спротивставување на „сепаратистичките активности“ на поддржувачите на тајванската независност, пренесува „Agency France – Presse (AFP)“.

Постигнувањето на потполно национално обединување претставува заедничко тежнеење на кинескиот народ“, вели Си во својот говор, потенцирајќи дека „Тајван е света територија за Кина. Луѓето од двете страни на тајванскиот канал се крвно поврзани и тие роднински врски секогаш ќе бидат посилни од останатите“, додава Си.


Од друга страна, тајванскиот претседател Лаи Чинг ги отфрла овие барања на Кина за обединување, а Пекинг него го смета за „опасен сепаратист“, пишува „AFP“.

Во текот на последните години, Кина го засили воениот и политички притисок врз Тајпеј, испраќајќи воени авиони, беспилотни авиони и подморници околу островот речиси секојдневно.

Двете страни се под власт на одделни влади од 1949 година, по завршувањето на кинеската граѓанска војна.

Комунистите ја преземаа власта во Пекинг и ја основаа Народната Република Кина, на први октомври 1949 година, додека поразените националисти избегаа во Тајван, преместувајќи го седиштето на Република Кина од копно во Тајпеј.


Кинеската владејачка Комунистичка партија го смета Тајван за сопствена територија, и покрај тоа што никогаш не го контролирала, и вети дека „повторно ќе се обединат“ со самоуправна демократија – дури и со употреба на сила, доколку е тоа потребно, пишува „CNN“.

Во минатото, исто така кинеските лидери ветуваа дека еден ден ќе ја преземат контролата врз Тајван, а Си како најсамоуверен кинески лидер во последните неколку децении, ја засили реториката и агресијата врз демократскиот остров, поттикнувајќи напнатост во Тајван и предизвикувајќи загриженост за можна воена конфронтација.

Испалување на проектили

Од друга страна, како што пишува „CNN“, многу луѓе на островот се сметаат себеси исклучиво за Тајванци и немаат желба да бидат дел од комунистичка Кина.

Властите во Тајван дела дека Пекинг ги интензивирал воените активности околу островот во последните месеци, вклучувајќи ги и воените вежби во мај, за коишто кинеската војска изјави дека биле осмислени за да ја тестираат нејзината способност за „преземање“ на власта врз островот.

Во недела, на 29 септември, министерството за одбрана на Тајван, соопшти дека е во состојба на приправност, откако беа откриени „повеќе бранови“ на испалени проектили длабоко во внатрешноста на Кина.


Ракетите ги испукаа ракетните сили на кинеската, народноослободителна армија во внатрешните области: Внатрешна Монголија, Гансу, Џингхај и Синџианг, наведува министерството во соопштение, додавајќи дека тајванските сили на противвоздушна одбрана „задржале високо ниво на претпазливост“.

Неколку денови претходно, како што пишува „CNN“, Кина испука интерконтинентална балистичка ракета во Тихиот океан по прв пат во текот на 44 години, во редок, јавен тест за којшто аналитичарите сметаат дека имал за цел да им испрати порака на САД и нивните сојузници во текот на засилените регионални тензии.


Тајванското прашање стана главна точка на несогласување помеѓу Кина и САД, коишто (САД) одржуваат блиски, но неформални односи со Тајпеј и законски се обврзани да го снабдуваат островот со оружје за одбрана.

Во недела, американскиот претседател Џо Бајден, одобри дополнителни 567 милиони долари, воена поддршка на Тајван, како дел од најголемиот пакет на помош којшто Америка му го одобри на островот.

„Бурно море“

Си Џинпинг предупреди на „бурно море“ за кинескиот народ во говорот по повод седумдесет и петта годишнина од основањето на Народна Република Кина, којшто беше специфичен поради недостигот на големите свечености, потенцира „The Guardian“.

Во својот говорот, во понеделник, одржан пред речиси 3.000 членови на КПК и странски функционери, Си го пофали напредокот на Кина, откако комунистичките сили ја симнале од власт националистичката влада и а воспоставија Народната Република.

Си, шефот на владејачката Комунистичка партија, изјави дека „никакви тешкотии не можат да го спречат кинескиот народ да оди напред“, но го повика населението да биде „будно“, да се подготви за опасност и да се потпре на партијата и нејзината војска пред почетокот на тешки времиња.


„Патот пред нас нема да биде лесен, сигурно ќе има тешкотии и пречки, а можеби ќе се соочиме со големи тестови, како што се силни ветрови и бурно море, или дури и олујни бранови“, изјави Си, којшто во текот на своето владеење, ја заостри контролата врз КПК и кинескиот народ.

Кина е втората најголема, светска економија и втора најмногу населена земја во светот, но како што пишува „Guardian“, таа тешко закрепнува од Ковид – 19 пандемијата, и големите проблеми во својот станбен сектор, двата од најголемите поттикнувачи на економскиот пад врз којшто исто така влијае и стареењето на населението и ниската потрошувачка на потрошувачите.

Во последните неколку недели, владата најави низа мерки за зајакнување на економијата, вклучувајќи го и намалувањето на каматните стапки и кревањето на старосната граница за пензионирање, меѓутоа аналитичарите предупредуваат дека тоа можеби нема да биде доволно.

Исто така, Кина е вклучена во територијални спорови со соседите, вклучувајќи ги Филипините, Тајван и Јапонија, коишто се значајни поттикнувачи на сè поголемите тензии помеѓу Пекинг и Вашингтон.


Приемот на којшто зборуваше Си во понеделник, беше еден од ретките настани со којшто се одбележа седумдесет и петтата годишнина, потенцира „Guardian“ додавајќи дека во вторник настанот бил изненадувачки „придушен“, како и дека во Пекинг бил одбележен само со церемонија на кревање на знамето на плоштадот „Тианмен“.

Во изминатите години, овие прослави изобилувале со богати церемонии и големи воени паради, а овогодишната скромна прослава е веројатно сигнал дека властите одбегнуваат раскошни настани додека Кинезите се соочуваат со финансиски проблеми.

„Bloomberg“ потенцира дека Си, во својот говор повикал на претпазливост во однос на она што би можело да биде тежок период за Кина, во своите први јавни коментари откако владата го објави пакетот на стимулации без преседан.

Си не соопшти никакви нови детали околу економските мерки во својот говор на приемот за Денот на државноста одржан во Големата сала на народот во Пекинг. Напорите вклучуваат намалување на каматните стапки и поддршка на станбениот пазар и берзата.

Кинеската економија забавува, бидејќи долготрајниот пад на недвижностите, слабата домашна побарувачка и падот на цените заедно ја прават сè повеќе недостижна-овогодишната цел за зголемен раст, потенцира „Bloomberg“ и додава дека останува да се види дали најавената поддршка и ветеното зголемување на потрошувачката ќе значат траен пресврт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг