[ВИДЕО] Пожар во станбена зграда во Чаир: Најмалку шестмина се повредени, евакуирани околу 100 лица

Точка

02/10/2024

11:16

882

Големина на фонт

а а а

Најмалку шест лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир.

Според информациите, шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад. Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а биле евакуирани околу 100 лица.

Еден пожарникар од Скопската пожарна е пренесен на Клиниката за токсикологија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

🔥☹️ Пожар во зграда во скопски Чаир, има повредени


👇Читајте повеќе на: 

https://mk.tv21.tv/gori-golema-zgrada-vo-skopski-chair-evakuirani-100-litsa-ima-i-povredeni/

Posted by TV21 на македонски on Wednesday, October 2, 2024

„Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 01.50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на ул. Прохор Пчински во Скопје. Интервенцијата ја извршувале со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои ко гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир). Во тек e интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. БППЗ на Град Скопје се уште интервенира и ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци“, велат од ЦУК.




Спонзорирани линкови

Маркетинг