Кока-Кола ја менува логистиката: Ќе отпушти 500 работници и ја затвора фабриката во Германија

Точка

02/10/2024

20:39

686

Големина на фонт

а а а

Американскиот прехранбен див „Кока-Кола“ извести дека наредната година ќе ја затвори фабриката и логистичките центри на пет локации во Германија, а ќе отпушти 500 работници, потенцирајќи ги „исцрпените“ можности за ширење на бизнисот и промената во логистиката.

Затворањето е планирано да се случи во Келн, Неумуенстер, Берлин, Биелфелд и Мемингем, според соопштението на „Coca-Cola Europacific Partners (CCEP)“, објавено вчера.


Некого ќе отпуштат, а некого ќе преместат

„CCEP“ полни, продава и дистрибуира „Кока-Кола“ производи во Германија и вработува околу 6.500 работници на 27 локации, вклучувајќи 14 фабрики за полнење.


Затворањето на фабриката и логистичките центри подразбира згаснување на 505 работни места, и префрлање на околу 207 работници на други локации, а компанијата истовремено планира да отвори нови 78 работни места.

Производството во Келн ќе биде запрено на крајот од март следната година, а „Кока-Кола“ на таа локација има и логистички центар со вкупна бројка од речиси 600 вработени.


„CCEP“ има четири фабрики за полнење на западот од Германија, а Келн има две производни линии и најмал опсег на работење, со исцрпени можности за проширување или раст, велат од компанијата.

Промена во логистиката на пиењето

Затворањето на фабриката, на крајот ќе значи подобра искористеност на капацитетите на останатите локации и поефикасно производство, додаваат од компанијата.


Во Неумуенстер, Берлин, Биелфелд и Мемингем, компанијата има само логистички центри.

„Јасно нѝ е дека планираните промени се многу тешки за нашите вработени чии работни места ќе згаснат. Затоа нѝ е уште поважно планираните промени да ги спроведеме на општествено одговорен и транспарентен начин“, изјави“, директорот на „CCEP“, Тилман Ротхамер.


Компанијата се одлучи за затворање и поради промената во логистиката на пиењето. Големите малопродажни партнери се откажуваат од директни испораки и ја нарачуваат доставата во главниот магацин, малите нарачуваат преку големопродажните компании.



Спонзорирани линкови

Маркетинг