Јубилеј достоен за честитки: Легендарниот "Volvo 200" слави 50 години

Точка

02/10/2024

10:44

295

Големина на фонт

а а а

Првиот "Volvo" од серијата 200 беше претставен во есента 1974 година и до ден денес е синоним за безбедност, квалитет, доверливост и издржливост.

Кога дојде време да се заменат моделите од Серијата 100 што "Volvo" ги произведуваше од средината на 1960-тите, дизајнерите и инженерите во шведската автомобилска компанија кои ја подготвуваа новата серија 200 не сакаа премногу да отстапуваат од концептот на претходната серија.

Тие, сепак, се обидоа да одат уште подалеку со новите модели во сегментот поврзан со безбедноста на патниците, па, меѓу другото, пристигнаа и подобрени програмирани зони за деформација на каросеријата и ремени со три точки на прицврстување.

Јан Вилсгард, кој ја „потпиша“ Серијата 100, стоеше и зад дизајнот на новата Серија 200, која беше понудена во неколку стилови на каросеријата на клиентите во европските земји од 1974 до средината на 1993 година, вклучувајќи ги и другите пазари на кои се продаде на повеќе од 2,86 милиони клиенти.


Моделите што се кријат зад ознаките 242, 244 и 245 се напојуваа со сигурни четирицилиндарски бензински мотори со работен волумен од 1,8 до 2,3 литри, а бројот на цилиндри се откриваше со вториот број во трицифрената ознака.

Наскоро пристигнаа турбополначи со некои мотори. Третиот број се однесуваше на обликот на каросеријата, па така моделот 242 беше седан со две врати, 244 седан со четири врати, а 245 со пет врати. Од 1983 година, сите верзии ја носеа ознаката 240.

Во комбинација со 2,7-литарски шестцилиндарски мотор развиен од "Volvo" во соработка со "Peugeot" и "Renault", моделите од Серијата 200 се криеја зад ознаките 262, 264 и 265, а зафатнината на споменатиот "V6" мотор подоцна беше зголемена на 2,8 литри.


Приказната вклучуваше и линиски дизел мотори со пет (D20) и шест цилиндри (D24) кои Volvo ги „позајми“ од "Volkswagen".

Без оглед на моторот под долгата предна хауба, силата секогаш се пренесувала само на задната осовина. "Volvo" користеше мануелни менувачи со четири и пет брзини, а автоматските менувачи со три и четири брзини беа опционални.

Колку Серијата 200 беше популарна ширум светот најдобро говори фактот што таа не престана да се произведува и откако "Volvo" ја претстави новата Серија 700 во средината на осумдесеттите, со која требаше да ја испрати серијата 200 во историјата.


Згора на тоа, некои модели од Серијата 200 завршија во производство подолго од моделите од серијата 700 кои беа произведени од 1982 до 1992 година, бидејќи последниот темносин караван од серијата 200 што заврши во Музејот на шведската компанија беше направен на 14 мај 1993 година.

Во прилог на квалитетот, доверливоста и издржливоста на Серијата 200, на кои многу љубители на шведската компанија помислуваат кога го спомнуваат "Volvo", е фактот што тие и денес се на патиштата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг