Време беше: Возеше првиот автономен камион во Европа

Точка

20/12/2024

15:27

893

Големина на фонт

а а а

Светот се повеќе се движи во насока на автономни возила, па веројатно беше само прашање на време кога ќе добиеме камион со оваа технологија.

По улиците на Шведска рано денеска „повози“ првиот камион со автономно возење во Европа, во сопственост производителите "Einride".

"Einride Pod" е пуштен во магацинот на "Apotea" во Морногава, што го означува првото комерцијално возење од ваков тип на Стариот континент.


Автономниот камион "Einride Pod", инаку, веќе е на патиштата во Соединетите Американски Држави.

И покрај фактот што нема возач внатре, како и кај самостојните такси возила, има оператори кои можат да ја преземат контролата над возилото и да ги контролираат карго операциите по потреба.


Камионот за движење користи многу радари и камери, сите заедно со вештачка интелигенција, за да се избегнат пречките на патот и да се почитуваат сообраќајните закони.

"Einride Pod" може да вози со брзина до 100 km/h, а носивоста му е 20.000 килограми. Со едно полнење овој камион може да помине околу 200 километри. Затоа, тој е идеален за пократки логистички операции.