Научниците велат: Ова се трите најлоши начини на коишто човекот може да почине – морничави последни моменти од животот кои не би ги посакале ниту на најголемиот непријател

Точка

01/10/2024

17:38

6.588

Големина на фонт

а а а

Помислата на смртта е застрашувачка за многумина луѓе, но постојат видови на смрт коишто се сметаат за полоши од останатите, барем од научна гледна точка. Од човекот којшто 28 часа бил заглавен во тесна пештера, до водачот на бунтовници којшто сопствените следбеници жив го изеле, историјата секако памети многу морничави начини на умирање.

Од научна гледна точка, смртта на некој од следните начини е апсолутно најлоша за човекот.

Да се биде жив закопан

Иако на почетокот, ова може да изгледа како ситуација од којашто барем теориски постои излез, научниците потенцираат дека е многу потешко отколку што се мисли. Податоците околу тоа колку долго човекот може да преживее откако ќе биде жив закопан, прилично се контрадикторни, па така, едни научници тврдат дека човекот може да издржи само 10 минути, додека други велат дека може 36 часа.


Да се излезе од ваква ситуација претставува борба осудена на неуспех – не само што би морале да се извлечете од ковчегот, туку и би требале да копате по почвата со кое сте окружени, а доколку немате лопата ова е практично невозможно. Но постои човек кој се обидел да го направи ова како дел од експеримент, но успеал да се „пробие“ само малку повеќе од еден метар пред речиси да умре, по што ги повикал соработниците да му помогнат.

Радијациска болест


Не изненадува фактот што смртта од предизвикана од радијациска болест претставува една од најужасните – тоа е бавен и особено болен процес. Жртвите на нуклеарното оружје сведочат за бројните начини на коишто ова зрачење допринесува кон смртта, а најекстремниот пример е оној на Хисачи Оучи, којшто по инцидентот во јапонската нуклеарна електрана во 1999 година, стана „најрадиоактивен човек на светот“.


Откако лекарите недела дена се обидувале да го спасат, тој на крајот ги молел да престанат. Неговото срце престанало да чука три пати додека престојувал ви болницата, но лекарите го реанимирале по барање на неговото семејство. Тој почина 83 дена по несреќата, откако му откажале повеќе органи, а тој период бил особено измачувачки за него – „плачел“ крв, а кожата буквално му се „топела“, пренесува „Unilad“.

Пирокластичен тек

Пирокластичниот тек е најсмртоносниот дел од вулканската ерупција, тоа е брз облак на гас и вулканска материја којашто се шири по ерупцијата. Темпото на текот е толку брзо (преку 700 км на час), така што е невозможно да се сопре и тој уништува сè пред себе, а температурата на овој разорувачки „бран“ може да стаса и до 1000 Целзиусови степени. Оваа топлина со екстремна брзина би го убила човекот, но неговите последни моменти би биле застрашувачки бидејќи кожата во тие моменти буквално би се варела.


Истражувањето на одделението за наука за Земјата и животната средина при универзитетот во Бариј, од 2021 година, покажало дека токму пирокластичниот тек ги уништил древниот римски град Помпеја и неговото население, а не лавата.

Меѓутоа сите наведени начини на смрт се екстремни, и повеќето од нас речиси сигурно нема да го напуштат овој свет на толку нехумани начини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг