[ВИДЕО] Снимката од македонска свадба предизвика бројни реакции во регионот: Првиот танц бил премногу вулгарен?

Точка

26/05/2025

21:03

14.451

Големина на фонт

а а а

Снимка од свадба во нашата земја стана вирална и предизвика голем број реакции на корисниците на социјалните мрежи од регионот, а многумина од нив сметаат дека ваков танц бил несоодветен.

Имено додека младоженецот правел склекови, невестата танцувала со звуците на песната „Иде маца око тебе“ од Јелена Карлеуша. Потоа тој седнал, а таа го воодушевила со провокативен танц.

Меѓутоа голем дел од корисниците на социјалните мрежи од регионот сметаат дека ваквиот танц бил премногу вулгарен, особено затоа што меѓу присутните биле и членовите на нивното семејство.

„Направија будали од себе. Тоа е за вашата спална соба или за стриптиз клуб“, „Ова е ужасно. Дури и од најнормалниот чин правиме глупост“, „Ако едниот од нив го смислил ова, како е можно другиот да го прифатил?“ беа само дел од реакциите.

Од друга страна сепак имаше и такви кои сметаат дека нема ништо лошо во ваквиот танц и дека младенците само добро се забавувале на нивниот посебен ден.