[ВИДЕО] Хорор серијата која заработи многу пофалби, се укинува по само три сезони, фановите разочарани

Точка

01/10/2024

15:33

868

Големина на фонт

а а а

Серијата со многу пофалби „Chucky“, која почна да се прикажува во октомври 2021 година, се укинува по само три сезони, потврди „The Hollywood Reporter“, последната епизода од серијата излезе во мај оваа година.

Оваа хорор серија со хумористични елементи се прикажуваше на телевизиските канали „Syfy“ и „USA Network“ и беше дел од франшизата „Child’s Play“.


Откако се прошири веста за нејзиното укинување, Дон Мансино, нејзиниот но и авторот на целата „Child’s Play“ франшиза изјави: „Скршен сум поради тоа што серијата „Chucky“ нема да има четврта сезона, но истовремено сум благодарен за тоа што имавме три одлични сезони“.


„Би сакал да им се заблагодарам на „UCP/Syfy/Peacock/Eat the Cat“, како и на нашата одлична актерска екипа и филмската екипа од Торонто, која е најдобра во својата работа. На крајот, на нашите извонредни обожаватели им испраќам „крвава прегратка“. Вашата неверојатна кампања „#RenewChucky“ навистина го „стопи“ ладното срце на „Chucky“. „Chucky ќе се врати! Тој секогаш се враќа!“, додаде авторот.

Љубителите на хоророт се разочарани

И покрај тоа што продолженијата на популарните франшизи, најчесто се разочарувачки, серијата „Chucky“ ги воодушеви и професионалните критичари и просечните љубители на хоророт, така што многумина беа изненадени кога „Syfy“ и „USA Network“ одлучија да ја укинат популарната серија.


„Какво разочарување, се надевам дека Дон Манчини ќе добие можност да сними нови филм и таму да ја продолжи приказната од серијата“, напиша еден обожавател на „Reddit“.

„Syfy“ има навика да снима серии кои веднаш ќе ме заинтересираат, но штом дејството во серијата стане уште поинтересно, тие ја укинуваат. За жал „Chucky“ е сега во иста состојба како сериите „Happy“ и „Channel Zero“, додаде друг обожавател.

„Се надевам дека ќе добиеме уште еден или два филмови. Серијата беше одлично продолжение на старите филмови. Беше многу забавна“, пишува друг љубител.

На страницата „Rotten Tomatoes“, серијата „Chucky“ има оценка од 93% врз база на рецензиите од професионалните критичари и 84% врз база на рецензиите на публиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг