[ВИДЕО] Фронтменот на Манескин ја објави својата прва соло песна

Точка

01/10/2024

16:16

1.015

Големина на фонт

а а а

Дамјано Дејвид, фронтменот на италијанскиот бенд Манескин, кој победи на Евровизија 2021 година, ја објави првата соло песна наречена „Silverlines“, објави АНСА.

Песната е создадена во соработка со американските уметници Сара Хадсон и Ферас, како и со британскиот рапер и продуцент Тимоти Мекензи, попознат под псевдонимот Лабринт.

Италијанската агенција наведува дека песната покажува дека Дамијано Дејвид влегол во „позрела уметничка фаза од својот живот“.


Сепак, 25-годишниот пејач тврди дека групата Манескин нема да се распадне.

Дамијано Дејвид, кој една година свиреше на улиците на италијанската престолнина со своите колеги од бендот пред да стане познат, го искористи „Икс-фактор“ како отскочна даска за успех на светските топ листи откако победи на Евровизија 2021 година со „Zitti e Buoni“.

 Бендот Манескин ги откажа концертите „Loud Kids Tour“ во Русија поради инвазијата на Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг