[ФОТО] Анџелина Џоли во најлегендарното издание на Мерилин Монро: Актерката се појави на црвениот тепих во фустан кој не излегува од мода ни по 70 години

Точка

30/09/2024

12:19

29.236

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли напорно работи на промоцијата на својот нов филм „Maria“ во кој го толкува ликот на познатата оперска дива Марија Калас, па така во неделата вечер на филмскиот фестивал во Њујорк се одржа и премиерата на ова остварување.

Холивудската ѕвезда пристигна на црвениот тепих во друштво на своите 3 деца - ќерката Захара (19) и синовите Медокс (23) и Пакс (20).

Џоли била многу елегантно облечена, но во нејзиниот препознатлив класичен стил. Актерката инсистира на неутрални бои во гардеробата, односно бела, беж, црна и сива боја, па и овој пат избрала нешто од таа палета.


Убавата 49-годишна актерка се одлучила за бела креација која го нагласува струкот и која ја краси лелеав, плисиран долен дел, а истата неодоливо потсетува на легендарната тоалета на Мерилин Монро што ја носеше во „The Seven Year Itch“.

Анџелина го заокружила изгледот со дијамантски висечки обетки и плишани сандали во бургунди боја, една од најмодерните бои оваа есен. Гламурозен печат додал и „вамп“ црвениот кармин.

И трите деца на Анџелина биле одлично облечени; Захара се одлучила за сребрена, долга сатенска тоалета во неглиже стил, додека нејзините браќа носеле костуми - Медокс носел црн, а Пакс сив костум.