Трагедија во кумановската болница: Почина родилка, новороденчето префрлено на скопските клиники

Точка

28/09/2024

12:49

695

Големина на фонт

а а а

Како што информира МВР, синоќа во кумановската општа болница починала родилка. Било извршено породување, а новороденчето сега е префрлено на скопската Гинеколошко-акушерска клиника.

Синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка.


Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Истрагата треба да ги утврди причините за смртта на 32-годишната родилка, а надлежните институции најавуваат дополнителни информации во текот на денов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг