На граѓаните им „скисна“ бурекот

Денар

27/09/2024

18:29

2.772

Големина на фонт

а а а

Дел од пекарниците низ Скопје и другите градови ги намалија цените на бурекот и на некои бели печива.

Според новите цени, четврт бурек сега се продава за 70 до 75 денари, што претставува намалување од цели 5 денари.Слично е и со цените на гевреците, кои исто така поевтинија за неверојатни 5 денари и сега чинат од 20 до 25 денари, зависно од пекарницата.


Сепак, јогуртчињата, кои честопати се купуваат како придружба на бурекот, останаа на истите цени, без најава за намалување.

Оваа промена доаѓа во период кога граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапувања во други сектори, па и покрај овие, на прв поглед позитивни вести, реакциите од страна на купувачите се поделени.

„Нема значителна разлика“

Во анкетата спроведена на неколку локации во Скопје, голем дел од граѓаните велат дека намалувањето на цените не е доволно за да се почувствува вистински ефект врз нивниот домашен буџет.

Марко Петровски, жител на Аеродром, коментира:

„Да, можеби цената на бурекот е намалена за 5 денари, но кога ќе го погледнеш во контекст на тоа колку други производи се поскапи од претходно, овој мал износ не прави некоја значајна разлика. Јас често купувам бурек за појадок, но не чувствувам дека нешто сум заштедил. Плус, јогуртот што го купувам е исто така поскап од порано“, изјави Петровски.


Слично мислење споделува и Теона Иванова, која живее во Карпош:

„Гевреците сега се поевтини за 5 денари, но истовремено лебот и другите бели печива што се продаваат во маркетите не се значително поевтини. Да, има намалување, но кога ќе купам повеќе производи, цените сѐ уште ми изгледаат високи“, вели таа.

Производителите тврдат дека е постигнат компромис

Целосниот текст можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг