Пари ексклузивно: Над 76 милиони евра е ланската најголема добивка во државава

Точка

28/09/2024

10:49

842

Големина на фонт

а а а

Компаниите кои се рангирале како 100 приватни фирми со најголема добивка, минатата година направиле профит од 790,2 милиони евра.

Анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа ги зема во предвид приватните компании, како и оние во кои државата не се јавува како доминантен сопственик, а рангирањето не вклучува банки и финансиски институции.

Првите 10 компании од листат 100 најголеми компании по добивка (освен последната), имаат направено нето-профит од над една милијарда денари (околу 16,2 милиони евра). Тука се и групацијата ЕВН Македонија, нејзината фирма ќерка ЕВН хоум, Македонски телеком (Владата има сопственост од 34,8%), „Алкалоид“ …


Како што може да се види од податоците, 7 од овие компании имаат раст на добивката, а „ЦМК Европа“, Рудникот САСА и ИГМ-Траде имаа пад. Притоа, импозантен е растот на добивката на ЕВН Македонија од дури 546%, со што лани достигнала профит од 28 милиони евра. ЕВН Македонија ги обединува ЕВН Хоме, ЕВН Снабдување, ЕВН Електрани и Електродистрибуција. Покрај добивката на оваа групација која се наоѓа на третото место, на шестото место е поединечната сметка на ЕВН хоме, компанија преку која со струја се снабдуваат домаќинствата и само таа лани имала добивка од 20 милиони евра, со што направила скок од 129%.

Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг