Има 170 соби, 4 пати е поголема од Бакингемската палата: Ова е најголемата вила на светот, а нејзината сопственичка вели - куќа за петмина

Точка

26/09/2024

11:22

1.554

Големина на фонт

а а а

Ако некогаш сте помислиле како британското кралско семејство ужива во огромна палата од над 77.000 метри квадратни, што би рекле кога би чуле дека тоа не е ништо во споредба со познатата палата Лакшми Вилас која е дури 4 пати поголема од неа.

Експертите веруваат дека ова е најголемиот приватен дом изграден до 1890 година и 4 пати поголем од Бакингемската палата. Оваа прекрасна вила има над 170 соби, а ја изградил Махараџа Сајаџирао Гаеквад III.


Во вилата моментално живее Радикараџе Гаеквад, која е родена на 19-ти јули 1978 година, и чиј татко, д-р Ранџитсин, се откажал од кралската титула на областа Барода за да стане службеник на IAS.

Ова семејство некогаш владеело и било почитувано од страна на локалното население, а моментално го предводи неговото кралско височество Самарџитсин Гаеквад, кој е оженет со Радикараџе.


Во времето на изградбата имала најсовремени удобности како лифтови, а внатрешноста наликува на голема европска селска куќа. Палатата има и терен за голф.

Комплексот на палатата зафаќа над 500 хектари и во него се сместени низа згради, палатата Моти Баг и зградата на музејот Махараџа Фатех Синг.

Во 1930-тите, Махараџа Пратапсин изградил терен за голф за своите гости од Европа. Во 1990-тите, внукот на Пратапсин, Самарџитсин, поранешен трофеен играч на крикет, го реновирал теренот и го отворил за јавноста.


Неговата сопственичка, Радикараџе, е страсна читателка и писател, а магистрирала индиска историја на Универзитетот во Делхи. Пред да се омажи за Махараџа Самарџитсин Гаеквад во 2002 година, таа работела како новинарка. Нејзиниот сопруг ја презеде круната на Барода на традиционална церемонија во палатата Лакшми Вилас во 2012 година.

Комисијата за проектирање на палатата му припаднала на Мант, познат архитект од своето време, а колку ова било тешка задача говори фактот дека тој се мачел со напади на депресија и параноја.


Среде својата најамбициозна задача, тој се уверил дека неговите пресметки се погрешни и дека зградата е пред колапс. Починал на 41-годишна возраст, најверојатно од сопствената рака, а задачата за довршување на палатата ја извршил Роберт Фелоус Чисхолм.

Зградата, како што сведочи нејзиниот сегашен сопственик, е цврста како карпа, но нејзиното одржување претставува голем предизвик.

Делови од палатата денес се отворени за јавноста. Од година во година бројот на посетители се зголемува сè повеќе и повеќе, а во изминатите ги имало повеќе од 100.000 годишно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг