Многу Македонци го јадат секој ден, а не се ни свесни дека е полош од обичниот шеќер

Точка

03/11/2025

14:02

2.177

Големина на фонт

а а а

Мислите дека шеќерот е најголемиот непријател на вашето здравје? Експертите предупредуваат на уште поголема закана – малтодекстрин. Овој скриен јаглехидрат се наоѓа во бројни производи со ознаката „без шеќер“, но всушност предизвикува опасни скокови на гликоза, го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и проблеми со варењето. Иако многумина не го препознаваат на декларациите, неговото дејство врз телото може да биде далеку поштетно отколку што мислите.

Малтодекстрин сè почесто се појавува во составот на преработена храна, иако повеќето потрошувачи не ни знаат што е тоа. Под привлечните ознаки како „без шеќер“ или „low calorie“ се крие овој јаглехидрат со висок гликемиски индекс, кој, според нутриционистите, може да биде поопасен од самиот шеќер.

Со гликемиски индекс повисок од 100, малтодекстрин предизвикува нагли и силни скокови на нивото на шеќер во крвта, што го зголемува ризикот од инсулинска резистенција, дијабетес тип 2 и дебелина. Покрај тоа, може да предизвика проблеми со дигестијата и нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.


Што точно е малтодекстрин?

Станува збор за полисахарид, сложен јаглехидрат што се добива со преработка на скроб – најчесто од пченка, пченица, ориз, компир или тапиока. Иако технички не е шеќер, неговото дејство во организмот е многу слично, а понекогаш и поштетно.

Ако е добиен од пченица, малтодекстринот може да содржи количина на глутен, што претставува дополнителен проблем за лицата со целијакија или чувствителност на глутен. Според здравствениот експерт д-р Ерик Берг, луѓето треба особено да внимаваат на овој состојка ако сакаат да одржат стабилно ниво на шеќер во крвта.

„Малтодекстрин е многу поопасен од обичниот шеќер. Додека шеќерот има гликемиски индекс од околу 65, кај малтодекстрин тој се движи меѓу 116 и 136. Тоа значи дека има далеку посилен и поопасен ефект врз нивото на шеќер во крвта“, предупредува д-р Берг.


Каде се крие малтодекстринот?

Лицата кои настојуваат да постигнат или да одржат кето состојба (кетоза) – во која телото согорува масти наместо гликоза – треба целосно да го избегнуваат малтодекстрин, бидејќи тој ја нарушува метаболичката рамнотежа и ги поништува ефектите на ваквиот начин на исхрана.

Овој адитив е присутен во широк спектар на преработени намирници што ги консумираме секојдневно. Често се користи како згуснувач или засилувач на вкус, а го има во:

• печива, крекери, грицки и гранола плочки,

• житарки и пијалаци за појадок,

• газирани и спортски пијалаци,

• сладоледи, чоколади и слатки,

• млечни производи (инстант пудинзи, готови јадења),

• преливи за салата, супи и замрзнати оброци,

• замени за месо и тестенини.

Дури и кога на пакувањето стои дека производот е „без шеќер“, многу често токму малтодекстрин го зазема неговото место – со уште поштетен ефект врз телото.


Како да се заштитите?

Прекумерниот внес на храна што содржи малтодекстрин може да доведе до сериозни здравствени последици:

• нагли скокови на шеќер во крвта,

• зголемен ризик од дијабетес тип 2,

• висок холестерол и крвен притисок,

• таложење на масно ткиво,

• дигестивни и цревни проблеми.

Според експертите, долготрајната консумација на производи со висок процент на малтодекстрин може да ја наруши рамнотежата на добрите бактерии во цревата, што дополнително го ослабува имунолошкиот систем и варењето.

Искусните нутриционистички експерти советуваат потрошувачите секогаш внимателно да ги читаат декларациите и да избегнуваат производи што содржат малтодекстрин, особено ако не е јасно наведено неговото потекло.

Препорачливо е да се избира непреработена храна, да се користат природни засладувачи како стевија или еритритол, и да се ограничи внесот на производи со ознака „без шеќер“, кои често кријат нешто многу полошо.