Вештачката интелигенција веќе е присутна во речиси сите уреди и апарати кои ги користиме во нашето секојдневие, а Samsung дополнително се грижи тие да бидат произведени според најновите иновативни технологии и префинет дизајн.
Подолу ќе прочитате за бенефитите кои ВИ функциите во уредите и апаратите ги внесуваат во вашиот дом и ги олеснуваат секојдневните активности. Да започнеме со кујната:
Фрижидери за паметно складирање храна
Samsung фрижидерот го претставуваат врвот на технолошките иновации и приспособливиот дизајн. Корисниците можат да избираат помеѓу различни форми и бои за да фрижидерот совршено се вклопи во ентериерот и стилот на нивната кујна и уредувањето воопшто. Еден од новите модели е фрижидерот со замрзнувач RB6000D кој се одликува со иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна. Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™.
Како опција за поголем фрижидер e моделот RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center кој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси. Големиот простор во овој фрижидер може да се искористи и многу паметно со лизгачката полица овозможувајќи складирање на високи шишиња и големи садови. Фрижидерот исто така обезбедува свежа филтрирана вода и изобилство од коцки мраз во секое време.
Машина за перење која мисли наместо вас
Примената на вештачка интелигенција е присутна и за перењето и сушењето на вашите алишта. Иако основниот дизајн на машините за перење доживува само помали промени, сепак функционалностите на новите уреди за оваа намена се навистина понапредни. Технологијата и дизајнот на компонентите што ја вршат работата се беспрекорни, како и надградбата со паметни функционалности кои ќе овозможат поефикасна работа. Покрај тоа, технологиите Samsung AI Ecobubble и AI Wash мислат и на вашиот џеб, заштедувајќи струја, вода, детергенти.
Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.
Моделите како машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и А-40% екстра енергетска ефикасност, ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта.
Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката. Интересно е скенирањето на детергентот и на етикетите за нега со новите функции на SmartThings Clothing Care, при што Detergent Scan овозможува скенирање на детергентот или омекнувачот во апликацијата SmartThings, а информациите се испраќаат до машината за перење за да се додаде соодветна количина прашок или омекнувач
Циклусот Microfiber™ е создаден така што облеката ослободува помалку микропластика која завршува во отпадна вода. Со прилагодување на брзината на моторот и интензитетот на перење, овој циклус ја намалува количината на микровлакна што се ослободува во одводот до 54%. Со функцијата Super Speed циклусите може да се завршат за само 39 минути. Ова кратко време на перење е овозможено со технологијата QuickDrive™, која динамично ја движи облеката. Времето на перење се скратува и со користење на функцијата Speed Spray, која брзо ги отстранува остатоците од детергентот со моќен млаз вода. Машината за перење ја зголемува и брзината на центрифугирање во зависност од количината на алишта за брзо сушење на алиштата.
Управувајте и следете ја работата на домашните апарати од вашиот Galaxy телефон
За да целокупното искуство биде уште подобро, со апликацијата SmartThings на вашиот нов Galaxy телефон можете да ги врзете сите Samsung апарати кои ги поседувате во вашето домаќинство, како и со апарати од други производители благодарение на платформата Matter која е компатибилна со SmartThings. Така, на екранот од телефонот ќе имате приказ за бројни параметри и совети за тоа како работат машината за перење, фрижидерот, правосмукалката, ќе можете од далечина да ја вклучите климата уште пред да пристигнете дома, како и рерната за да го подгреете ручекот. И уште еден чекор понатаму со SmartThings – за поголема прегледност на целиот екосистем, можете да ги следите податоците и од вашиот Neo QLED или OLED телевизор со ВИ, кој може да биде главен hub за сите уреди и апарати во вашиот модерен дом.
Повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bottom-mount-freezer/rb6000d-508l-black-doi-rb50dg602eb1eo/
https://www.samsung.com/mk/refrigerators/french-door/rf9000d-rf9000dc-t-style-french-door-beverage-center-646l-black-rf65dg960eb1eo/
https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww8400d-front-loading-smartthings-ai-energy-made-a-40-percent-extra-energy-efficiency-ai-ecobubble-11kg-black-ww11db8b95gbu4/
Комерцијален текст