На социјалните мрежи се споделува видео од необично морско суштество забележано осум метри под површината на морето кај Лас Палмас во Шпанија.
Иако на прв поглед изгледа како суштество од научна фантастика, станува збор за „Pyrosoma atlanticum“, планктонска колонија составена од стотина илјади ситни организми.
Може да порасне и до 18 метри, а иако снимена во Атлантикот, повремено се појавува и во Јадранското море. Името „pyrosome“ потекнува од грчките зборови „pyro“ (оган) и „soma“ (тело), што укажува на нивната способност за биолуминисценција.
Тоа значи дека светат зелено или розово при допир или присуство на други објекти, а таа светлина може да се види и од неколку метри оддалеченост под вода, пишува „Ocean Conservancy“.
Ова не е едно суштество туку колонија на стотина, па и илјада ситни организми наречени зооиди кои се поврзани со заедничко ткиво и нервен систем сличен како во грбот.
Заедно формираат торбеста структура. Вообичаено се со големина од неколку сантиметри до половина метар, но дивите суштества можат да пораснат и до 18 метри.
Се хранат со планктони од филтрирана вода, а тој механизам воедно им овозможува и движење. Зооидите се размножуваат со клонирање. Благодарение на таа способност можат да ги регенерираат оштетените делови или да создадат нови колонии.
Најчесто настануваат во топлите и тропски мориња како Мексиканскиот залив, но во последниве години забележани се и во постудените води, дури и до Алјаска и Јужниот океан. Кога ќе угинат тонат на морското дно и стануваат важен извор на храна за длабокоморските организми.