„Sony“ ги зголемува цените на „PlayStation 5“ конзолите – гејмерите во шок од причината зад одлуката

Точка

21/08/2025

17:22

176

Големина на фонт

а а а

„Sony“ ги изненади играчите во САД со објава дека цените на „PlayStation 5“ конзолите ќе се зголемат за 50 долари, почнувајќи од четврток. Во блог-објава од компанијата се наведува дека станува збор за „тешка одлука“ донесена поради неповолното економско опкружување и притисокот предизвикан од тарифите.

Новите цени на продажба изнесуваат 549,99 долари за стандардната „PlayStation 5“, 499,99 долари за „Digital Edition“ и дури 749,99 долари за „PlayStation 5 Pro“. Иако дел од јавноста очекуваше поскапување, веста доаѓа во момент кога гејминг индустријата се обидува да ја задржи рамнотежата меѓу растечките трошоци и куповната моќ на играчите.

За разлика од конзолите, од „Sony“ соопштија дека цените на дополнителната „PlayStation 5“ опрема остануваат непроменети – што е мала утеха за оние кои планираат да купат.


Тарифите и конкуренцијата

Овој потег не доаѓа сосема неочекувано. Уште во мај, „Sony“ најави дека размислува за зголемување на цените како одговор на тарифите воведени од администрацијата на Доналд Трамп. Пред неколку месеци, компанијата веќе ги зголеми цените во Европа, Австралија и Нов Зеланд за 10 до 15 проценти.

Конкурентниот „Microsoft“ исто така реагираше на новите економски услови и во мај ги поскапи „Xbox“ моделите за 80 до 100 долари. Сето ова дополнително покажува дека гејминг индустријата е под силен притисок од глобалните трговски одлуки и дека играчите веројатно ќе треба да се подготват за нови удари по џебот.


Привремено трговско примирје

Во меѓувреме, САД и Кина постигнаа привремен договор за продолжување на трговското примирје за уште 90 дена. Договорот донесе намалување на американските тарифи на кинеска стока и враќање на клучни суровини како ретките минерали, но тоа очигледно не беше доволно за да се задржат старите цени на „PlayStation“ конзолите.