Морничавото пророштво го попречува туризмот во оваа земја: Сè повеќе туристите ги откажуваат аранжманите

Точка

23/05/2025

16:12

2.912

Големина на фонт

а а а

Туристите ги откажуваат аранжманите поради навистина неверојатна причина.

Летото се ближи, а со него и сезоната на одмори и зголемувањето на светскиот туризам. Меѓу најпосакуваните дестинации, Јапонија и понатаму доминира и привлекува милиони туристи од целиот свет со својата единствена комбинација од античка традиција, футуристичка технологија, природна убавина и ненадмината гастрономија.


Оваа земја е особено омилена на патниците од Источна Азија – Кина, Јужна Кореја, Тајван и Хонгконг кои редовно ја избираат како нивна омилена летна дестинација. Но, оваа година се случува нешто невообичаено. Суеверието и стравот почнуваат да ја надвладуваат желбата за патување.


Пророштвото што ја потресе Азија

Јапонската уметница и авторка на пророчки визии, Рјо Тацуки, тврди дека разорно цунами ќе ја погоди Јапонија во јули 2025 година. Според неа, станува збор за природна катастрофа три пати посилна од онаа што го опустоши брегот на Тохоку во 2011 година и ја предизвика нуклеарната хаварија во Фукушима.


Нејзиното пророштво предизвика лавина коментари, мемиња и паника на социјалните мрежи. За многумина, ова не би било толку важно доколку Рјо прецизно не предвидела неколку глобални настани во минатото, вклучувајќи природни катастрофи и политички потреси.

Пад на туризмот – податоци од прва рака

Како што пренесе Си-ен-ен, директорот на туристичката агенција „WWPKG“ од Хонгконг, Сиен Јуен, изјавил дека резервациите за Јапонија за време на велигденските празници биле преполовени. „Во следните два месеци очекуваме дополнителен пад. Луѓето се навистина исплашени“, истакна тој.

Најголем пад бил забележан кај кинеските туристи, но загриженост се шири и кај патниците од Тајланд, Виетнам и Јужна Кореја. Од друга страна на социјалните мрежи масовно се споделуваат совети за тоа како „енергетски да се очисти“ просторот пред патување, како и сериозни препораки за избегнување на Јапонија ова лето.


Додека научниците и сеизмолозите повикуваат на рационално размислување, тврдејќи дека нема конкретни геолошки индикатори за најавената катастрофа, стравот продолжува да се шири. Еден корисник на „Weibo“ пишува:

„Можеби е подобро овој пат да ја прескокнам Јапонија. Има толку многу убави места во светот, а јас немам храброст да ризикувам“.