Јосип Броз Тито почина на 4 мај, 1980 година, а многумина не знаат како изгледале неговите последни денови. Неговиот личен лекар Миломир Станковиќ напиша книга насловена „Тито помеѓу животот и смртта“ и даваше интервјуа во коишто, помеѓу останатото, откри како изгледале последните денови на претседателот на Југославија и неговата борба со болеста.
Станковиќ бил покрај Тито во текот на неговите последни денови, а пред неколку години во интервју за „РТС“, тој изјави дека е првиот којшто му ја соопштил дијагнозата на Тито која на крај го чинела живот. Станковиќ ја исполнил добиената наредба, и ја оставил сопругата во Белград, којашто потоа не ја видел шест месец поради доверливата задачата да се грижи за Тито.
Исто така, Станковиќ откри и детали околу ампутацијата на ногата на Тито, за којашто вели дека се случила предоцна. Тој исто така кажа дека сите работи поврзани со лекувањето на Тито се одвивале во тајност, како и дека Тито не можел да ја прифати сопствената дијагноза.
„Се работеше за оклузивна ангиопатија којашто не беше последица на дијабетес. Таа беше на артеријата на бутот и ногата му беше загрозена. Јас бев одговорен и морав нешто да направам, па така се обидов да го убедам да го прегледа лекарски конзилиум“, се потсети Станковиќ.
Тито наводно одбивал да ја прифати дијагнозата, но по одреден период почувствувал силна болка во ногата. По убедувањата допуштил да го прегледаат два експертот, еден од истокот, друг од западот. Тие, како што вели Станковиќ, заклучиле дека Тито бил во добра состојба, но дека ногата му била загрозена. Со оглед на тоа што Тито не се согласувал на ништо друго освен лековите, тие му сугерирале да се обиде со бајпас, но доколку тоа не успее ќе следува ампутација.
„Тито нѝ кажа: „Доколку мојата нога отиде, самиот ќе си пресудам. Кога требаше да отиде во болница, му скривме пиштолот којшто тајно го чуваше“, откри Станковиќ и додаде дека никој не смеел да му соопшти оти ампутацијата била неизбежна.
„Терапијата којашто не делуваше му ја продолжува до крајот. И сè беше така додека ногата не се исуши, кога се исуши, таа го затру организмот“, вели Станковиќ.
По ампутацијата Тито бил задоволен бидејќи била успешна, но нејзиното одолговлекување го зело својот данок.
„Се обидуваа да го спасат на сите можни начини – со инфузии, трансфузии. Тој кога виде дека сè пропаднало, неговите последни зборови беа: „Што би требало да значи сето ова? Е сега не знам дали тоа се однесувало на некои негови одлуки или на лекарите коишто му имале ветено дека терапијата ќе успее“, вели Станковиќ.
„Во средината на февруари 1980 година, Тито повеќе не можел да зборува и до крајот бил во вештачка кома“, раскажа Станковиќ којшто почина во 2019 година.
Тито ќе остане запаметен и по бурниот љубовен живот – имаше повеќе љубовници, и дури четири сопруги, од коишто најпознатата и негова последна сопруга беше Јованка Броз.