Овие 3 лоши навики ги имаат само високоинтелигентните луѓе: Сите ги осудуваат, но всушност тие се чисти генијалци велат психолозите

Точка

16/09/2024

19:00

2.444

Големина на фонт

а а а

Честопати ги осудуваат затоа што се такви, но според психолозите, луѓето со овие особини се многу интелигентни.

Ако оставате неред околу себе и често пцуете, можеби цел живот сте се соочувале со осуда поради овие „лоши“ навики. Сепак, според истражувањата, токму овие квалитети често ги поседуваат интелигентните луѓе.

Иако неуредноста, доцното будење и пцуењето често се припишуваат на мрзеливост и грубост, психолозите тврдат дека тие всушност се показатели за интелигентен ум и мозок.


Неуредност

Често се мисли дека неуредноста значи неорганизираност, а со тоа и помала продуктивност. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето со неуредни соби се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција. Кога вашиот ум е окупиран со големи идеи, грижата за уредноста станува помалку важна. Згора на тоа, неуредната соба може да биде знак на креативна личност.


Будење

Ако често останувате будни до доцна и станувате рано за работа, може да бидете сфатени како мрзливи, без разлика колку се трудите. Сепак, тоа може да значи дека вашиот деноноќен ритам функционира поинаку од вообичаеното.

Научниците открија врска помеѓу деноноќниот ритам и нивоата на интелигенција. Студијата објавена во списанието Psychology Today покажа дека луѓето кои легнуваат доцна и се будат подоцна наутро имаат поголем коефициент на интелигенција.


Пцуење

Пцуењето традиционално се смета за вулгарно и неучтиво. Сепак, една студија спроведена на колеџот Марист во Њујорк покажа дека луѓето кои често пцујат имаат поголем речник, подобри реторички вештини и повисоко ниво на интелигенција.

Покрај тоа, тие често се поискрени бидејќи пцуењето изразува искрени емоции. Таквите луѓе се повеќе склони да го покажат своето вистинско лице и отворено да ги изразат своите чувства, наведува „Curious mind“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг