Бред Пит и Џорџ Клуни добиле понуда да го убијат Мет Дејмон: Видеото стана вирално, а нивниот одговор стана хит

Точка

18/09/2024

19:27

2.123

Големина на фонт

а а а

Овие мега популарни актери во емисијата на Џими Кимел направија сензација за која зборува јавноста и уште еднаш покажаа зошто со децении важат за омилените актери на денешницата.

Холивудските ѕвезди Бред Пит и Џорџ Клуни беа главните ѕвезди на неодамна завршениот филмски фестивал во Венеција каде се појавија за да го промовираат својот нов филм „Wolfs“. Сега двајцата повторно направија вистинска „врева“ кога нивното видео беше објавено на Јутјуб, сè во склоп на промоцијата на ова филмско остварување.

Во снимката која е направена, Џорџ Клуни и Бред Пит глумат платени убијци. Кимел доаѓа на состанок со нив за да ги ангажира да го елиминираат неговиот „непријател“, актерот Мет Дејмон. Кога дознаваат која е целта, Клуни и Пит одговараат како „гром од ведро небо“: „Ќе го направиме тоа бесплатно“.

Ова видео собра речиси 40.000 прегледи и повеќе од 100 коментари на Јутјуб за само неколку часа, а фановите се потполно воодушевени од овој тандем кој повторно го дели кадарот.

„Што ќе каже Мет Дејмон“, „Само уште Ди Каприо им фали за да биде топ“, „Но, кога ќе кажат дека ќе го направат тоа бесплатно, не можам да престанам да се смеам“, се само дел од бројните коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг