[ВИДЕО] Фризер ја покажал трансформацијата на проќелаво момче, луѓето пишуваат: „Не можам да верувам дека е истата личност“

Точка

18/09/2024

17:45

3.314

Големина на фонт

а а а

Еден фризерски салон од Лос Анџелес објави на ТикТок видео од неверојатната трансформација на еден млад човек која ги изненади луѓето толку многу што многумина не веруваат дека се работи за истата личност.

Имено, 25-годишно проќелаво момче пристигнало во фризерскиот салон за да се разубави за својата венчавка, а фризерот го подложил на третман наречен „hair system“ кој трае околу еден месец.


Тој прво ја избричил онаа малку коса која момчето ја имало на темето, а потоа со помош на посебни техники и препарати му залепил нова коса, која најчесто е изработена од вистинска коса или синтетика.

Неверојатната трансформација изненади многумина, а бројни тиктокери напишаа дека не можат да поверуваат дека се работи за истата личност.

„Изгледаше како да има 45 години, а сега изгледа како да има 24 години“, „Од Џорџ Костанца до Кларк Кент“, „Ми се допаѓа колку зрачи со самодоверба на крајот од видеото“, „Изгледа 20 години помладо“ и „Не можам да верувам дека е истата личност“, се само дел од бројните коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг