Џастин Тимберлејк е виновен: Судијата ја изрече пресудата

Макфакс

14/09/2024

12:06

5.515

Големина на фонт

а а а

Џастин Тимберлејк ја призна вината за возење под дејство на алкохол и се спогоди со обвинителите од округот Суфолк во Њујорк, а во врска со инцидентот којшто се случи порано оваа година, пишува „CNN“.


Судијата Карл Ирајс на Тимберлејк, му изрече казна од 25 до 40 часови на општествено корисна работа со обврска поп ѕвездата да објави порака околу јавната безбедност, а покрај ова пејачот доби и парична каза од 500 долари.

Општествено корисната работа може да ја извршува во непрофитна организација по сопствен избор, а мора да ја изврши во рок од една година.


Кога беше запрашан дали ги прифаќа условите, Тимберлејк одговори: „Ќе ми биде чест“.

Инаку Тимберлејк не одговараше на новинарски прашања на судењето.

Потсетуваме, во текот на последното сослушување во август, Тимберлејк изјави дека не е виновен за возењето во алкохолизирана состојба, којшто во случај на утврдување на вината можеше да го чини казна затвор од година дена или парична казна до 2.500 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг