Дали би се осмелиле да одите по висечки мост долг 517 метри каде секој чекор е поглед кон бездната? Иако е заобиколен од многумина во Умбрија, тој е неизбежна станица и уживање за авантуристите и љубителите на природата кои бараат адреналин.
Преминувањето на најстрашниот висечки мост во Европа е предизвик дури и за најхрабрите кои не бегаат од напливот на адреналин.
Имено, Тибетскиот мост или Селано е најголемиот висечки мост во Европа. Долг е дури 517 метри, а од земјата го делат 175 метри височина, а има 1023 скалила.
Делот од Италија каде што се наоѓа мостот е заобиколен од многу туристи, но љубителите на природата и планината добро знаат дека крие прекрасни пејсажи, многу пешачки патеки и одлична понуда на природна убавина и возбуда.
Мостот се наоѓа во планинскиот регион Умбрија, италијански регион без излез на море. Овие планински региони се во долината на реката Тибар, додека на северозапад граничат со Тоскана.
Најновата атракција овде е највисокиот тибетски мост во Европа. Поврзува две села лоцирани на два соседни рида, Селано и Монтесанто, преку долина и езеро.
Тибетскиот, или висечкиот мост Селано, не е за оние кои се плашат од височини, но храбрите зависници од адреналин ќе уживаат во него.
Атило Губелоти, градоначалник на Селано, од мостот вели дека не треба да се грижите.
„Навистина нема проблем бидејќи е исклучително безбеден мост“, рече тој.
За време на преминувањето секој посетител е прицврстен со сигурносен појас, кој е прикачен на шината покрај мостот.
Патем, висечки мостови веќе постојат низ цела Европа. Најатрактивни и најпознати се во Италија, Португалија и Андора. Овој според неговите карактеристики стана европски рекордер.
Тибетските мостови се висечки мостови, кои поврзуваат две „виси“, односно се наоѓаат високо над земјата по целата нивна должина, поради што не се крути, туку се флексибилни.
За да го поминете мостот ќе ви бидат потребни помеѓу половина час до 45 минути.
Преминувањето е забрането за деца и за оние пониски од 120 см.
Преминот кон другата страна не се препорачува за лица со послабо ментално и физичко здравје, како и за оние кои имаат фобија од височина.
Сигурно нема да остане рамнодушен оној што ќе реши да ја премине.