Памела Андерсон фатална и со малку шминка: На премиерата на филмот дојде во црно од глава до пети и предизвика лавина коментари на критичарите

Точка

10/09/2024

17:00

2.352

Големина на фонт

а а а

Актерката Памела Андерсон (57) се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „The Last Showgirl“ на фестивалот во Торонто.

Во изминатите неколку години, Памела беше жестоко критикувана затоа што не ги крие своите години и се обидуваше да изгледа природно откако цел живот беше во центарот на вниманието.


Памела на премиерата на филмот дојде со многу малку шминка, во црн смокинг кој предизвика реакции кај модните критичари. Тесните панталони изгледаа како да не се баш во нејзината големина, додека горниот дел имаше преголеми ракави кои и ги „голтаа“ рацете.


На Памела не и беше грижа, гордо позираше со колегите и пукаше од самодоверба!

По премиерата на филмот за танчерка во Лас Вегас кој по 30 години треба да најде нов пат, Памела добила овации, пренесуваат американските медиуми. Цел живот се подготвував за овој филм, никогаш ништо не ме допрело така“, изјави таа за „Variety“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг