Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува: Осомничен 28-годишен штипјанец

Макфакс

09/09/2024

17:55

1.204

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.

Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг