[ФОТО/ВИДЕО] Европа ги брои жртвите од поплавите: Надојдените реки по обилните врнежи оштетија илјадници домови

Точка

16/09/2024

21:24

2.017

Големина на фонт

а а а

Невремето предизвикано од циклонот Борис однесе најмалку осум животи во Централна и Источна Европа

Службите за итни случаи ја зајакнуваат одбраната од поплави во централна и источна Европа, бидејќи надојдените реки од обилните врнежи оштетија илјадници домови.


Циклонот Борис однесе најмалку осум животи до недела попладне. Едно лице се удавило во Полска, потврди во неделата премиерот на оваа земја, Доналд Туск, додека во Австрија, пожарникар загинал од поплави при спасувачка акција. Неколку лица се водат за исчезнати во Чешка, а шест лица загинаа во Романија.


Австриската покраина која ја опкружува Виена е прогласена за област на катастрофа, а нејзините лидери зборуваат за „невидена екстремна ситуација“.

Во Полска пукна брана, а илјадници луѓе се евакуирани во Чешка поради поплави, додека 51.000 домаќинства во северните региони на земјата се без струја, соопшти чешката електроенергетска компанија ЧЕЗ.

 Во главниот град Прага се подигнати брани за поплави.


„Повторно се соочуваме со ефектите од климатските промени, кои се сè поприсутни на европскиот континент, со драматични последици“, рече во саботата романскиот претседател Клаус Јоханис.

 Екстремните врнежи се се почести во Европа, но и во поголемиот дел од светот, поради климатските промени.

Загреана атмосфера може да задржи повеќе влага, што може да доведе до пообилни врнежи.


 Емил Драгомир, првиот човек на Слобозија Коначи, село во романскиот регион Галац, изјави дека се поплавени 700 куќи.

 „Ова е катастрофа од епски размери“, рече Емил Драгомир.

Циклонот Борис од четвртокот донесе силен ветер и обилни дождови во делови од Полска, Австрија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг