[ФОТО] Атентаторот на Трамп има објавено книга: „Дал сè за Украина, останал со празни раце“

Точка

16/09/2024

09:50

3.815

Големина на фонт

а а а

Објавено е името на осомничениот за обидот за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Станува збор за педесет и осумгодишниот Рајан Весли Раут од Хаваите. Тој е уапсен, а како што соопшти ФБИ, Доналд Трамп е на безбедно место по обидот за атентат врз него во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, во Флорида.

„BBC Verify“ ги пронајде профилите на социјалните мрежи коишто го носеа името на атентаторот на Трамп, и тие покажаа дека Раут повикувал странски борци да одат во Украина за да се борат против руските сили. На неговиот профил исто така постојат пропалестински, протајвански и антикинески пораки, вклучувајќи ги наводите за „биолошко војување“ нарекувајќи го Ковид – 19 како „напад“.

Рут, којшто имал воено искуство, изјавил за „Њујорк Тајмс“ во 2023 година, дека отпатувал во Украина веднаш по почетокот на руската инвазија во 2022 година, за да и пронајде воените регрути помеѓу авганистанските војници којшто побегнале од Талибанците. „Веројатно можеме да купиме пасоши преку Пакистан со оглед на тоа дека тоа е толку корумпирана држава“, изјави Раут.

Изгледа дека Рут бил вклучен во регрутацијата уште ова лето, а во јули тој напиша на Фејсбук: „Војници, ве молам немојте да ме барате. Сè уште се обидуваме да ја убедиме Украина да ги прифати авганистанските војници и се надеваме дека ќе добиеме некои одговори во наредниот период. Ве молам за трпение“.

Рут исто така во јуни разговараше со романската подружница на „Newsweek“, во врска со напорите да регрутира доброволци во Меѓународната легија за одбрана на Украина, којашто е единица на украинските копнени сили. „За мене многу светски конфликти се сиви, но овој е дефинитивно црно – бел. Ова е приказна за доброто и злото.“, изјави тогаш Раут.

Објавил книга

Минатата година сам издал книга, во којашто детално и опишува своите напори за поддршка на Украина. Во книгата од 291 страница, Раут го опишал своето разочарување од војната во Украина, којашто ја нарекол „непобедлива“.


Во книгата исто така тој пишувал и за талибанското преземање на власта во Авганистан и политичката ситуација во Тајван којшто е соочен со сè поголеми воени закани од Кина. Оваа книга објавена на Амазон без наведен издавач, го носи насловот „Ukraine’s Unwinnable War: The Fatal Flaw of Democracy, World Abandoning and the Global Citizen-Taiwan, Afghanistan, North Korea and the end of Humanity“.

Во оваа книга Рут пишува како патувал до полско – украинската граница во обид да се пријави за учество во војната, но „во педесет и шестата година од животот без никакво воено искуство ме одбија“, пишува Раут.

Наместо тоа како што вели тој, се обидел да ангажира повеќе борци коишто ќе се борат на украинска страна, отпатувал во Киев и поставил импровизиран волонтерски центар на плоштадот на независноста пред полицијата да го тргне оттаму. Тогаш како што пишува тој, поминал неколку месеци кампувајќи во знак на протест на разни локации низ градот. „Дадов секој дел од мотивацијата и енергијата коишто можев да ги соберам за Украина и останав со празни раце“, пишува Раут опишувајќи ги своите наводно неуспешни обиди да направи беспилотни авиони за украинската војска во соработка со меѓународни инженери.


На социјалните мрежи го критикувал Трамп

Како што пишува „CNN“ на социјалните мрежи тој често ја коментирал политиката и актуелните случувања, повремено критикувајќи го Трамп. Во неговата објава на „Х“ во април Раут напишал дека кампањата на Бајден би требало да се вика „нешто како „КАДАФ“ – Држете ја Америка демократска и слободна, а онаа на Трамп би требало да се вика „МАСА“ – Направете ги Американците повторно робови. Демократијата е на гласачките ливчиња и не можеме да изгубиме“.


Во јуни 2020 година, Раут вели дека гласал за „Трамп 2016“, но дека во меѓувреме ја повлекол поддршката за Трамп: „Јас и светот се надевавме дека претседателот Трамп ќе биде поразличен и подобар од другите кандидати, но сите бевме толку разочарани и изгледа дека станува сè полош и полош, ќе ми биде мило кога ќе си заминеш“, напиша Раут.

Има криминално досие

Поранешните извештаи покажуваат дека Раут има криминално досие. Според изворите на „CBS“, Раут бил обвинет и осуден за бројни кривични дела во округот Гилфорд, во Северна Каролина, во периодот од 2002 до 2010 година. Кривичните дела вклучуваат: носење на скриено оружје, давање отпор при апсење, возење со одземена возачка дозвола, кражба и предизвикување на сообраќајна несреќа како и бегање од местото на несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг