Украина го модернизира едното од најизвонредните тајни оружја од Втората светска војна

Точка

16/09/2024

12:39

9.521

Големина на фонт

а а а

Рускиот блогер „UAV Developer“ на почетокот од септември објави дека открил ново украинско тајно оружје: фитиљ – бомби на дронови со ласерски сензор којшто ја мери оддалеченоста од целта“. „Кој и да имал ласерски куршум знае за што зборувам“, вели „UAV Developer“ нагласувајќи дека овој нов уред може да детонира бомба на која било посакувана оддалеченост од целта.

Блогерот го опишува овој уред како едноставен без никаква посебна технолошка магија. Сепак, искуствата уште од Втората светска војна покажуват колку ефикасно може да биде ваквото оружје. Блогерот исто така потенцира дека руската бирократија ја спречува руската страна да набави слично оружје, пишува „Forbes.

Украинците покажаа дека имаат редок талент за креирање нови фитили за старо оружје, а можеби најпознатиот е „Jonny“ или „Jonik“, прицврстен за советските противтенковски мини „PTM-3“. Оригиналниот фитиљ е едноставен прекинувач којшто функционира само кога тенкот ќе премине преку него, додека „Jonny“ додава и магнетометар и брзинометар.

Магнометарот да ја детонира мината кога во близина има голем метален објект, поради што таа експлодира кога тенкот ќе помине покрај неа и тоа без да има контакт. Брзиномерот значи дека мината ја детонира секој обид за нејзино преместување. Аналитичарот Рој на „Х“ објави дека забележил неколку фитили на мините на дронови коишто имаат одложување на времето и магнетски и други сензори. Дроновите на тие мини ги поставуваат на патиштата далеку зад непријателските линии.

„Украина системски ги минира руските логистички рути до 15 километри длабочина, веќе со месеци. Поставувајќи разноразни мини“, вели Рој. „Тоа го прават со помош на тешки дронови и многу се ефикасни при уништувањето на лесни возила“. Фитиљот со ласер претставува дополнително ниво на софистицираност. Иако може да се користи за различни мини, најмногу се врзува со директни удари врз целите, како во воздухот така и на копното.

Најтајно оружје

Рој вели дека фитиљот којшто ја мери оддалеченоста заедно со радарот и нуклеарната бомба се едни од најизвонредните тајни оружја од Втората светска војна. Во тоа време ова оружје не смеело да се нарече со неговото вистинско име, туку го нарекувале „VT (Variable Time)“ – фитиљ за да го измамат непријателот во врска со начинот на којшто тој функционира.

Гранатата којашто може да ја „почувствува“ метата и да експлодира во близина, поефикасна е од онаа којашто експлодира во контакт. Тешко е да се погоди метата којашто е во движење, што значи дека гранатата којашто експлодира во близина претставува голем напредок. Кога станува збор за метите на почвата, гранатата којашто експлодира при удар на почвата троши голем дел од својата експлозивна сила на создавањето на кратерот и поголем дел од шрапнелите не ја погодуваат целта, од друга страна гранатата којашто експлодира во воздух, чиишто фрагменти паѓаат на почвата далеку е посмртоносна.


Оригиналното решение бил фитиљ со одложување на времето којшто би го детонирал експлозивот неколку секунди по испалувањето, тоа функционирало кога војниците имале време да го адаптираат периодот до детонацијата. За противвоздушниот оган тоа создавало краток временски период, а при испалувањето војниците морале точно да проценат кога метата ќе биде на тоа место. Фитиљот којшто детонира експлозив во близина на метата го реши тој проблем емитирајќи радиопулс и детектирајќи го повратниот. Минијатурен радар можел да се постави да експлодира на зададената оддалеченост од метата, а бил четири пати поефикасен против авионите, и се смета дека спасил илјадници животи на Пацификот. Обие фитили се користеле и на почвата, а американскиот претседател Ајзенховер бил толку импресиониран од нив, што често пати стравувал од тоа што можело да се случи доколку непријателската страна прва ги развила. „Доколку Германците успеаја да го усовршат и употребат ова оружје шест месеци пред нас, нашата инвазија врз Европа ќе беше особено тешка, а можеби и невозможна“, изјави тогаш Ајзенховер.

Денес овие фитили често се користат, но тие се скапи и тешко е да се произведат. Украинските производители на дронови требале да осмислат нешто поедноставно што можат сами да го произведат.

Ласерско оружје

Евтините ласери значат дека сега можете д купите ласерски метар за помалку од 20 долари, а украинските инженери изгледа ја примениле истата технологија. „Микроконтролер АТмега38“ – зајакнувачот, „MOSFET – i – “ – сè е стандардно“, вели „UAV Developer“. „Треба да се обрне внимание на тоа дека Украинците се на вистински пат за електрификација на муницијата“, вели тој.


Тој исто така потенцира дека фитиљот има и дополнителен детонатор при контакт во случај ласерскиот систем да не функционира како што треба. Истовремено, тој потенцира дека Русија нема ништо што наликува на овие фитили бидејќи луѓето коишто се одговорни за процесот за набавка, се „идиоти“.

„UAV Developer“ вели дека е запознаен со најмалку четири случаи во коишто поединци го контактирале руското министерство за одбрана за да им претстават со производи слични на фитиљот „Johnny“, но бие одбиени бидејќи бирократите не сакаат комплексни електронски системи без оглед на нивната сигурност.

„Разликата помеѓу идиот и не – идиот е тоа што идиотите не ги разбираат работите околу себе и немаат желба да ги разберат“, вели „UAV Developer“. „Сите тие програми, тие ѓаволски транзистори, нив ги плашат. Резултатот е – Украинците го имаат „Johnny“ и 100 до 500 видови детонатори“, додека Русите имаат „стап со прекинувач и задоволни идиоти“, додава тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг