Шефот на НАТО за евентуална руска одмазда поради западните ракети: Во војна нема опција без ризик

Точка

16/09/2024

22:27

2.942

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги поздрави разговорите за тоа дали Украина може да користи западни ракети со долг дострел за напади длабоко на руска територија, но нагласи дека одлуката ќе треба да ја донесе секоја поединечна земја-членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од сојузниците да му дозволат да користи западни ракети, вклучително американските системи „ATACMS“ со долг дострел и британските ракети „Storm Shadows“, за да напаѓа длабоко во руска територија.

Британскиот премиер Кир Стармер и американскиот претседател Џо Бајден разговараа за тоа во петокот во Вашингтон. Одлуката не е објавена.


„Ги поздравувам овие случувања и овие одлуки, но на сојузниците е да ги донесат конечните одлуки поединечно, изјави Столтенберг за радиостаницата „LBC“. Сојузниците имаат различни политики за ова, додаде тој.

Некои американски официјални лица се многу скептични дека употребата на западни ракети со долг дострел значително би ја промениле ситуацијата во војната.


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот ќе биде директно вклучен во војната против Русија доколку дозволи Украина да ја нападне руската територија со западни ракети со долг дострел.

На прашањето за можна руска одмазда, Столтенберг рече дека „во војна нема опции без ризик“.

„Но, сепак верувам дека најголемиот ризик за нас, за Обединетото Кралство, за НАТО ќе биде доколку претседателот Путин победи во Украина“, додаде тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг