СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ за Филипче не им помагаат во обидот да ги скријат своите скандали, Филипче нема ни квадратен метар повеќе од претходно

Макфакс

09/09/2024

17:53

601

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и дезинформации за претседателот Венко Филипче. Последната лага за наводно непријавени пет станови на Филипче е во серијата глупости кои може да влезат во рубриката „верувале или не“.

Потребата по секоја цена да се измисли скандал без притоа да се проверат основните факти за тоа како функционира пријавувањето на имот, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да се занимава со истрага на криминал, туку со оцрнување и секојдневно заморување на јавноста со лаги, стои во соопштението од СДСМ.

„Претседателот Филипче има ист имот и во двата имотни листа, иста квадратура и вредност на имотот. Филипче нема ни метар квадратен повеќе имот и ВМРО-ДПМНЕ ова го знае, но намерно лаже. Разлика која се појавува е заради начинот на пријавување на имотот во ДКСК.

Со новиот начин потребно е да се приложат имотните листови, а не вкупниот имот. Така, становите кои имаат по два имотни листа како споени стамбени единици, сега се прикажуваат како два имоти“, е наведено во напишаното.

Апелираат до ВМРО-ДПМНЕ да престанат, како што велат, да глумат опозиција и слободно да го докажат спротивното.



Спонзорирани линкови

Маркетинг