Иднината на медицината: Создадени нанороботи кои влегуваат во мозокот и го запираат крварењето

Точка

07/09/2024

12:40

15.271

Големина на фонт

а а а

Иднината на медицината пристигна. Тим британски и кинески истражувачи создадоа нанороботи способни да го запрат или спречат крварењето во мозокот на пациентите поради аневризми, објави Универзитетот во Единбург.

Нанороботите досега се тестирани на модели на аневризма и на зајаци, а потребни се повеќе тестирања пред да се обидат да ги вметнат овие мали машини во човечкиот мозок.

Овој изум може да доведе до прецизен и нискоризичен третман на аневризмите во мозокот. Оваа болест е многу опасна и предизвикува повеќе од 500.000 смртни случаи годишно. Покрај тоа, овој медицински проблем – кога крвта се акумулира во дел од мозочната артерија што може да пукне и да предизвика фатално крварење – предизвикува и мозочни удари и ги онеспособува луѓето.


Студијата објавена во „Смол џрнал“ укажува на иднината во која малите роботи можат директно да се контролираат за да извршуваат сложени задачи во човечкото тело – како што е насочена испорака на лекови или „поправка на органи“, велат истражувачите.

„Тимот, во кој учествуваше истражувач од Универзитетот во Единбург, направи магнетни нанороботи чија големина е една дваесетина од големината на црвените крвни зрнца и кои носат лек во заштитна обвивка дизајнирана да се топи на одредена температура. Во лабораториските тестови, неколку стотици милијарди такви роботи биле вметнати во артерија, а потоа со помош на магнети и медицински помагала биле водени до местото на аневризмата. Магнетните извори надвор од телото потоа предизвикале роботите да се соберат во аневризмата и да се загреат до точка на топење на заштитната обвивка, која ослободила протеин кој ја згуснува крвта и на тој начин ја принудува аневризмата да го запре или забави крварењето во мозокот“, се наведува во соопштението на Универзитетот.

Меѓународен тим на научници, вклучително и претставници на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Шангај, успешно ги тестираа уредите во модели на аневризма во лабораторија и на одреден број зајаци. Оваа студија може да доведе и до тестирање на луѓе.


„Нанороботите ќе создадат нови граници во медицината. Тоа потенцијално ќе ни овозможи да извршиме хируршки поправки со што е можно помал ризик во споредба со конвенционалните третмани и да таргетираме делови од телото до кои е тешко достапни со лекови. Нашата студија е важен чекор кон воведувањето на овие технологии во третманот на критичните медицински состојби“, вели во соопштението д-р Чи Жоу, коавтор на студијата и инженер од Универзитетот во Единбург.

Според истражувачите, овој метод би го заменил ризичниот метод на рачно туркање на микрокатетер во мозокот и операција која може да трае со часови.