Во светот на вештачката интелигенција владее вистинска „војна“ за таленти. Компаниите кои веќе успеале да соберат врвни експерти во тимовите, очајно се обидуваат да ги задржат, па дури и кога тие луѓе веќе дале отказ.
„Business Insider“ открил интересен феномен којшто се случува во „Google“, односно во „DeepMind“ лабораториите за вештачка интелигенција, познат како „garden leave“ односно „градинарски одмор“.
Тоа е своевидна сива зона за вработените во која поранешните работници на „DeepMind“ се наоѓаат и до шест месеци по заминување од фирмата.

Во текот на тој период тие и натаму добиваат плата од „Google“, но забрането им е да работат за било која друга компанија. Со други зборови, тие истовремено се и вработени и невработени.
Додека во САД се непосакувани и се почесто оспорувани, клаузулата за забрана за конкуренцијата во Велика Британија и натаму е вообичаена пракса, особено за високо позиционираните експерти..
Некогашен вработен во „DeepMind“ од лондонската централа за „Business Insider“ раскажал „колку правниот вакуум“ во којшто се наоѓаат е збунувачки и како им отежнува наоѓање на нова работа.
„Кој ќе те вработи ако можеш да почнеш да работиш дури за шест месеци или една година?“, се пожалил тој.
Еден од најгласните критичари за оваа пракса е Нандо де Фреитас, поранешен директор на „DeepMind“, а денес експерт во „Microsoft“.
Тој на социјалната мрежа „X“ ги предупредил сите кои планираат да се вработат во „DeepMind“, внимателно да го прочитаат договорот пред потпишување:
„Ниту една американска корпорација не смее да има толкава моќ, особено во Европа. Тоа е злоупотреба на моќта која со ништо не може да се оправда“.

За сите кои ќе одлучат да работат во „DeepMind“ – подгответе се. Кога ќе одлучите да си заминете, ве чека долг платен одмор.
Ќе имате доволно време да ги завршите сите видеоигри или да се посветите на своето омилено хоби затоа што „Google“ практично ви плаќа да одмарате.






