[ВИДЕО/ФОТО] Џенифер Гарнер ја отвори вратата од својот раскошен дом: Во светли нијанси и природни тонови, секоја просторија зборува за себе

Точка

06/09/2024

15:04

5.517

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка ја отвори вратата од својот прекрасен дом во Лос Анџелес, каде го пронашла мирот со своите три деца.

По веста дека Бен Афлек и Џенифер Лопез се разведуваат, поранешната сопруга на Афлек ги отвори вратите од својот дом за медиумите.

Гарнер покажа како изгледа домот кој го уредила по свој вкус за себе и за децата, а во кој доминираат посветли нијанси и природни тонови.

Таа се одлучила за куќа надвор од градскиот метеж, што е главната разлика во споредба со домот во кој живееја Афлек и Лопез.

„Јас сум некој кој многу води грижа за приватноста на својот дом, но еве, штотуку ве прошетав низ целата куќа, и тоа од неколку причини“, објаснува таа за „Architectural Digest“.


„Никогаш претходно не сум уредувала ништо сама и многу сум горда на резултатот. Исполнета сум со благодарност секогаш кога ќе влезам во мојата куќа, што можам да живеам овде, среќна сум што го поминувам времето со своите деца во вакво опкружување. Ова не е типично за мене, но сепак сум многу среќна што го споделив тоа со вас“.

Со оглед на тоа што Гарнер е одличен готвач, таа особено посветила внимание на уредувањето на кујната, каде поминува најмногу време.


„Ја поставив вратата така што трпезаријата може да биде соба за состаноци. И всушност, имам многу состаноци и овде работам од дома кога не сум на снимање“, вели актерката која сепак не ги покажала собите на нејзините деца.

„Ова е како соба од соништата за мене, бидејќи сакам кога децата прават забави и преспиваат кај нас, иако понекогаш има деца буквално насекаде“, вели таа на видеото.

Исто така, куќата има огромен двор, базен и голема библиотека, а Џенифер само за земјиштето платила околу 7 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг