Презентиран "Vanquish": Најбрзиот "Aston Martin" во историјата

Точка

04/09/2024

12:38

2.309

Големина на фонт

а а а

"Aston Martin" го „оживеа“ името "Vanquish" и претстави нов модел кој ветува „комбинација на префинет комфор, перформанси на суперавтомобил и извонредна динамика“.

"Aston Martin" вели дека тоа е „најмоќниот предводник во 111-годишната историја на компанијата“.

"Vanquish" е придвижуван од 5,2-литарски "V12" твин-турбо мотор, кој развива 835 коњски сили и 1.000 Nm вртежен момент. Споен е со осумстепен автоматски менувач и електронски диференцијал со ограничено пролизгување, преку кој силата се пренесува на задните тркала.


Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае нешто повеќе од три секунди, а максималната брзина е 344 км/ч. Ова докажува дека се работи за серискиот "Aston Martin" со најголема максимална брзина во историјата на компанијата.

Автомобилот има споена алуминиумска структура на каросеријата, која се карактеризира со 75% зголемување на страничната крутост во споредба со моделот "DBS 770 Ultimate".


Меѓуосовинското растојание е зголемено за 80 mm, а моделот доби подобрена суспензија со "Bilstein DTX" амортизери. Од "Aston Martin" велат дека овие амортизери овозможуваат „значајна разлика помеѓу режимите на возење“, така што автомобилот може да биде исклучително комфорен или спортски.

Предниот дел е прилично традиционален, така што може да се забележи широка решетка опколена со "Matrix LED" фарови, а има и изразен сплитер. Исто така, моделот доби и извајана хауба со отвори за ладење на споменатиот "V12" мотор.


Карбонската каросерија е аеродинамична и е украсена со остри странични линии. Вратите имаат рамни рачки, додека стаклените површини изгледаат спортски. „Колковите“ се мускулести, а внимание привлекуваат бандажите од 21 инчи со гуми "Pirelli P Zero".

Цената сè уште не е објавена, но ќе биде ексклузивен модел бидејќи ќе се прават помалку од 1.000 примероци годишно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг