Кога сте под стрес многу е важно што јадете: Нутриционистот ги открива намирниците кои ќе ве смират

Точка

02/09/2024

22:16

3.910

Големина на фонт

а а а

Стресот е реакција на физичките, менталните и емотивните ситуации, а доколку напнатоста е преголема или долготрајна може да го преоптовари човекот и да предизвика појава на болест, а исхраната во такви ситуации може да помогне но и да ја влоши состојбата.

Стресот може да биде предизвикан од различни фактори како што се притисок на работното место, проблеми во меѓучовечките односи, финансиската несигурност, физичкиот напор како и здравствените проблеми.


Во вакви ситуации исхраната има клучна улога, а нутриционистот Јасна Вујичиќ вели дека следните намирници богати со витамините А, Б, Ц и Е ги намалуваат симптомите на стресот.

Намирници кои ги содржат овие витамини: Витамин А: морков, благиот компир, спанаќот, црвената пиперка;

Витамин Б: интегрални житарки, јаткасти плодови, семки, риба, јајца, млечни производи, зелениот лиснат зеленчук;

Витамин Ц: цитрусно овошје (портокал, лимон, грејпфрут), јагода, киви, брокула;

Витамин Е: јаткасти плодови, семки од сончоглед, авокадо, ладно цедени растителни масла.


Покрај намирниците богати со овие витамини корисни се и намирниците богати со флавоноиди. Овие антиоксиданси (флавоноиди) се наоѓаат во различни видови овошје и зеленчук, вклучувајќи ги боровинките, малините и јагодите, потоа во зелениот и црниот чај, црното чоколадо, црвеното вино и цитрусното овопшје.


Во борбата против стресот корисен е и магнезиумот, којшто се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук (спанаќот и кељот), бадемите и костените, семките од тиква и сончоглед, како и интегралните житарки и мешунките. Исто така во справување со стресот можат да помогнат и намирниците богати со селен и есенцијални масни киселини, а селенот може да пронајде во бразилските ореви, морските плодови, јајцата, месото и интегралните житарки. Додека пак есенцијалните масни киселини ги има во маслиновото масло, рибите богати со омега – 3 (лосос, скуша, сардина), чија семките, семките од лен и оревите.


Кои се последиците од долготрајниот стрес?

Долготрајниот стрес може негативно да влијае на здравјето и да доведе до појава на хронични заболувања, да го ослабне имунитетот како и да го наруши менталното здравје. Присуството на хормонот на стрес во телото може да доведе до појава на следните симптоми: забрзан пулс, сува уста, потење,треперење, промени во килажата, чести инфекции, главоболки, тешкотии со концентрирањето, нервози и нарушувања на сонот.


Количеството на хормонот на стрес вообичаено се намалува откако стресот ќе помине, но може да остане зголемено доколку стресот потрае подолго или доколку често се повторува или пак доколку човекот негативно реагира на секоја стресна ситуација.

Истражувањата покажуваат дека 75% од болестите се поврзани со стресот, вклучувајќи ги: високиот крвен притисок, срцевите и мозочни удари, дијабетесот, анксиозноста синдромот на хроничен умор, синдромот на иритабилни црева, мигрената и проблемите со дишењето.

„Постојаниот стрес може да го ослабне имунолошкиот систем, зголемувајќи го ризикот од инфекции, канцер и автоимуни заболувања. Пушењето, прејадувањето и другите болести на зависност се поврзани со стресот“, вели нутриционистот Јасна Вујичиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг